Home / аларм / Премногу риба е штетна за здравјето, а може да доведе дури и до смрт

Премногу риба е штетна за здравјето, а може да доведе дури и до смрт

Научниците докажале дека прекумерна конзумација на морска риба, односно на омега-3 масните киселини, може да биде опасна, особено во вид на рибино масло кое се зема во капсули.

ribaИако порано повеќе пати беше докажувано дека луѓето кои често јадат морска риба поретко заболуваат од срцеви болести, не треба да се претерува. Мастите од рибата содржат омега-3 масни киселини, кои го спречуваат настанувањето на атеросклероза, го регулираат крвниот притисок, ја намалуваат оксидацијата на LDL холестеролот и одржуваат нормален срцев ритам.

Сепак, претерано внесување на омега-3 масни киселини може да биде и штетно, затоа што ги намалува залихите на витамин Е во организмот, а го зголемува ризикот од абнормално крварење кај луѓето кои се склони кон тоа. Исто така, кај дијабетичарите, рибиното масло може да предизвика пречки, затоа што го намалува нивото на инсулин.

Исто така, треба да се има на ум дека земањето на рибино масло после плескавица нема никаков ефект, затоа е најдобро корисните состојки од рибата да се внесуваат преку храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top