Free songs
Home / Болести и лечење / Преку косата се открива срцев удар неколку месеци порано

Преку косата се открива срцев удар неколку месеци порано

Високото ниво на хормонот на стрес, кортизолот, во косата може да укаже на срцев удар месеци пред да се дојде до неволја.

 

kosa glava cesaКанадските научници истражувале како проблемите на работа, во бракот и финансиските падови го зголемуваат ризикот од кардиуоваскуларни болести и утврдиле дека постои биолошки маркер со помош на кој може да се предвиди срцевиот удар.

Традиционално, кортизолот се мери преку анализа на крвта, урината и плунката. Сите тие примероци го покажуваат нивото на кортизол во дланките со часови пред да биде направена анализата, објаснуваат професорите Стен Вен Минд и Гидион Корен од Универзитетот на Западен Онтарио.

Со косата тоа е поинаку. Имено, косата во просек расте по еден сантиметар месечно, а праменот долг 6 сантиметри може да го покаже нивото на стрес за многу подолг период.

До ова сознание се дошло преку анализа на примероци на коса од 56 луѓе кои доживеале срцев удар, како и со споредување на резултатите од оваа анализа со резултати од примероци од коса на други луѓе кои боледувале од поинакви болести, но не и од срцев удар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss