Home / алтернативна медицина / Правете го ова секој ден и нема да се разболувате

Правете го ова секој ден и нема да се разболувате

Новиот метод за лекување голем број болести со жубуркање на масло во уста ја откри доктор Карач на Конгресот на Украинското здружение на онколозите и бактериолозите. Неговата постапка за многумина е сомнителна, но за среќа не е комплицирана за да се обидете да ја примените.

maslinovo masloСтанува збор за жубуркање на масло во усната празнина со што се елиминираат токсичните материи од телото, а жубуркањето доведува до зголемување на имунитетот, што значи дека телото добива способност самостојно да се справи со болеста, без да користи скапи и често неефикасни лекови. Жубуркањето, според докторот, е решение за справување со тромбоза, артритис, парализа, чир на желудникот, женски болести, како и секојдневните проблеми меѓу кои и главоболка, забоболка и бронхитис. Според него овој метод е одличен за тумори, грчеви и нервни болести, воспаление на мозокот и разни крвни заболувања.

Сепак, докторот предупредува дека секое масло не треба да се жубурка во устата, па доколку веќе сакате да ја испробате оваа метода, направете го тоа со најмногу една лажица маслиново, сончогледово или масло од сусам кој полека се матка во устата околу 20 минути. Ако правилно постапувате течноста која ќе ја исплукате по поминатото време треба да биде бела како млеко. Откако ќе ја исплукате целата течност, устата исплакнете ја со топла вода, четка и паста за заби. Со жубуркање идеално е да почнете наутро пред јадење, а ако сакате вашите проблеми побрзо да ги решите, постапката повторете ја два до три пати на ден, но секогаш на празен стомак.

Терапијата трае онолку долго колку што на телото му е потребно да се опорави. А дали методот е ефикасен или не, показател ќе ви биде тоа што по преспиена ноќ ќе се разбудите освежени и полни со енергија. За лекување со оваа метода за акутни заболувања ќе ви требаат четири дена, но ако имате хронична болест третманот може да трае до една година. Во почетокот на процесот може да се појават симптомите на болеста, но нема потреба за паника, тоа е само знак дека телото се чисти и дека процесот на лекување започнува.

Инаку, оваа постапка го зголемува метаболизмот во организмот, а исто така е корисна за зајакнување на имунолошкиот систем, кој паѓа поради лошата исхрана и брзото темпо на живеење. Исто така е интересно кај оваа метода е тоа што за кратко време со жубуркање на маслото забите стануваа побели, а покрај тоа го подигнува и квалитетот на забите, особено во ситуации кога тие се лабави од парадентоза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top