Free songs
Home / природен лек / Праски – за видот и бубрезите

Праски – за видот и бубрезите

Праската содржи 80-90% вода, а малку калории, па е одлична како диуретик и средство за чистење на организмот. Покрај тоа, содржи и корисни хранливи материи како што се бета-каротен, белковини, масти, влакна, растителна маст, биотин, калциум, магнезиум, натриум, органски киселини, селен, скроб, фосфор и јаглени хидрати.

praskaЧајот од праски во Кина се користи за чистење на бубрезите и исфрлање на штетните материи од организмот. Бидејќи има висока содржина на влакна и калиум, плодот може да ги намали стомачните киселини, воспаленијата и бубрежните заболувања.

Консумирањето праски е корисно и за функциите на цревата и за стимулирање на жолчката.

Поради содржината на магнезиум, праските ја подобруваат емоционалната рамнотежа, го намалуваат стресот и го зголемуваат расположението.

 

Праска во исхраната

Нутриционистите препорачуваат повеќенамеско користење на праските во исхраната. Па така нутриционистите предлагаат да пиете домашен сок од праски без додаток на шеќер. Исто така, можете и сами да направите компот, а се препорачува и џем или слатко од праски кои можете да ги конзумирате во текот на целата година. Чајот од неговите листови е многу корисен и исто така има лаксативно дејство. Одличен е во борбата против инфекциите.

 

Медицинска намена

Праската делува поволно на телото и може да се користи во медицински цели, па така спектарот на намена е широк и забележано е поволно дејство во лечењето на акните, астмата, анемијата, болестите на забите и усната шуплина, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, дебелина, губење на помнењето, депресија, импотенција, анксиозност, зајакнување на имунитетот, проблемите со мочниот меур и мочните канали, штитната жлезда, стомачни тегоби, надуеност, отекување на нозе, разни инфекции, ревматски болести.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top