Home / аларм / Потврдено: Од мобилен телефон може да добиете рак на мозокот

Потврдено: Од мобилен телефон може да добиете рак на мозокот

Шокантните резултати од најновото француско истражување, покажале дека само со 15 часа користење на мобилниот или смартфонот, во текот на еден месец, трикратно се зголемуваат шансите да во вашата глава се развие тумор.

Telefon-MozakСтатистиките покажуваат дека просечен човек во денешницата месечно поминува околу два и пол часа разговарајќи на мобилен телефон. Но, постојат луѓе кои поминуваат значително повеќе време на телефонот, не знаејќи дека на тој начин можат сериозно да го загрозат своето здравје, па дури и живот. Како што покажува најновата студија на Универзитетот во Бордо, само 15 часа телефонирање месечно трикратно ги зголемува шансите за развој на тумор на мозокот.

Посебно се загрозени деловните луѓе (бизнисмените, маркетинг експертите и други) кој во текот на својата кариера поминуваат и преку 900 часа во ваков вид на комуникација со своите клиенти, шефови или работници. Научниците до овие алармантни заклучоци дојдоа преку истражување на 253 пациенти кои заболеле од гилома и 194 случаи кои заболеле од менингиома и кои на лечење се јавиле во четири француски болници во периодот меѓу 2004 и 2006 година.

Стилот на живот и навиките на овие луѓе, лекарите го споредоа со 892 наизменичо одбрани здрави лица, за да ги воочат разликите во однесувањето меѓу нив. Се воспоставило дека луѓето со рак на мозокот далеку повеќе телефонираат од останатите. Ризикот за ваквите видови на рак е трикратно зголемен кај лицата кои во текот на пет години натпросечно често ги користат мобилните телефони.

Студијата која е објавена во списанието „British Occupational and Environmental Medicine journal“ го претставува најновиот доказ дека електромагнетното зрачење на современите уреди може да му наштети на човечкото здравје.

„Колу уште докази се неопходни за да се вратат адекватни регуларни мерки и правилници за употреба на мобилните уреди за да се заштитат жителите? Особено кога знаеме дека денес веќе и сите мали деца користат мобилни телефони, изјавила за весникот „Le Parisien“, претставничка на здружението „Priartem“ која се залага за поголема контрола на зрачењето на репетиторите на мобилните мрежи.

Инаку Меѓународната агенција за истражување на ракот која делува под закрилата на Светската здравствена организација, електромагнетните бранови (вклучувајќи го и зрачењето на мобилните телефони) го класифицирала како „потенцијален карциноген“. „Нема причина за паника. Резултатите од ова истражување не подразбираат дека секој кој користи телефон веднаш ќе добие рак на мозокот.

Тешко е да се проценат факторите на ризик, особено што технологијата секојдневно се менува и унапредува. Се разбира дека во однос на периодот кога оваа студија е спроведена пораснал бројот на корисници на мобилни уреди, а паралелно е намален интезитетот на радиобрановите кои ги емитуваат телефоните. Сепак вистина е дека се неопходни додатни истражувања на тема за долгоречните ефекти на геџет кои ги користиме денес“, прокоментирал Роџер Саламон од ISPED институтот.

МKnews.MK

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top