Конопот се одгледувал секаде во Зеница, како и на други места во Југославија, бидејќи имал широка употреба. Според пописите, почнувајќи од 17 век, најмногу бил одгледуван на имотите на жителите на денешна Долна Грачаница, која била на просторот на поранешното село во Тетово. Тука и пред доаѓањето на Турците имало скеле, кое се спомнувало во најраните турски пописи.
Конопот се преработувал во влакно и се ткаел во различни платна. На околу 3 километри од Зеница, во селото Чајдраш имало повеќе зачувани места за толчење на конопот, за да се добие влакно. Во потокот влакното се потопувало некое време, потоа се сушело, се произведувало влакно и поголемиот дел се продавал, а помалиот се оставал за домашна употреба.
Преработка на коноп во влакно се правела исто така и во Радаково. Најмногу влакна од коноп купувале жителите на селото Врховина, кои имале традиција за производство на бело платно од коноп. Во најдобрите времиња во Врховина имало околу 30 ткајачници. Се ткаеле платна од коноп, лен и волна.
Челични јажиња
Во зеничкиот крај имало повеќе видови на стожери. Најголемите биле налик на забало на крокодили. Имало и помали кои речиси не се разликувале од ткајачници и тие се користеле за помал обем на преработка на конопот. По првата обработка се добивало влакно од коноп. Без понатамошна обработка тоа се користело за поправка на водоводните инсталации како кучина.
За потреби на домаќинствата се предел коноп и така се нарекувал. Конопот бил со дебелина до 3 милиметри, тие понатаму се плетеле во јаже, кое можело да има од 3 па до 30 снопови коноп, зависно од саканата јачина и дебелина на јажето и секако од намената.
Селото Шериќи одамна било познато по предење т.е. производство на јажиња, па од тука му потекнува името од турскиот збор шерит т.е. лента, врвка, пантлика, јаже. Во Босна има уште села кои добиле име по производството на јажиња.
Освен за производство на платно од влакна од коноп, конопот се користел и за други потреби. Женскиот коноп, она што во сегашно време го нарекуваме марихуана, канабис, индиски коноп и уште многу други имиња, давал цвет и семе. Цветот се берел пред целосно отворање на ситните цветчиња, се врзувале во китки, па китките се обесувале под стреја, во сенка, наопачки за да се исушат. По сушењето, се оставале китки од цветови од конопот најчесто во визбите, Цветот се користел за многу домашни потреби, кадење на просториите во која лежи болен човек, правење на колачиња за децата и постарите болни лица, правење на мед со цвет од коноп, како и разни други потреби.
Сепак, најмногу се користел за кадење на заболени од тежок вид на кашлица, посебно на грип т.е. магарешка кашлица. Современата фармација произведува сирупи против кашлица во кои задолжителна состојка е некоја од т.н. лесни опојни дроги. Во домаќинствата се чувало во сув лист од коноп, со кој се кадела куќата, откако ќе помине грипот и кашлиците на домаќините.
Од семето на конопот се произведувало високо квалитетно масло. Запамтено е дека од литар масло од коноп се добивало по 5 кг масло или 10 кг свинска маст. Маслото се користело како лек против многу болести. Современата медицина ја докажала лековитоста и многу широката употреба на ова масло.
Во централна Босна маслото од семето од коноп се произведувало со пресување и варење. Ова масло произведено со ладно пресување било поценето, а се препознавало по бојата, густината и провидноста.
Кадењето со конопов лист се работело така што на жар во пегла на дрвен ќумур се ставало малку здробен сув лист и потоа со лесно мафтање, се движело низ сите простории на домот. Кадењето најчесто се вршело кај некои заболувања од сезонски карактер. За кадењето се користеле и кандила, некогаш импровизирани од домашни чинии.
Мед од коноп
Кадењето со суви цветови од коноп се правело во просторија во која имало многу болен човек со силни болки. На вжарен дрвен јаглен од мангало или тогашни пегли, се ставало малку сув цвет од коноп и со мафтање поттикнувало лесно горење и чадење на сувиот цвет. Се користело и кандило или некоја импровизација на кандило. Ако на болниот не му било подобро, постапката се повторувала. Како резултат на болниот му било подобро, расположението му се зголемувало, не плачел од болки, а се одмарале и домаќините, кои го негувале болниот човек.
Колачињата со суви цветови од коноп, ги правеле така што во толчник ситно ги толчеле цветовите, според намената. Ако се правеле колачиња за немирни и болежливи деца, се ставало помалку цветови, а за тешките заболени лица, кои плачеле од болки или не можеле да се движат, се ставало повеќе. Колачињата се правеле само од толчени исушени листови и цветови од коноп.
Малку поретко се правеле колачиња од брашно добиено со мелење на семето на конопот со додаток на прав од толчени сушени конопови цветови. Колачињата, освен на немирни и болежливи деца или стари тешко заболени лица, се давале на домашните како лек против нервоза, бледило, ненахранетост, реума, силна кашлица, слабо варење и други состојби.
Подготвувањето на медот од цвет од коноп, како домашен лек, главно било кај семејства кои имале свои посеви на коноп. Во медот ставале свежо набрани цветови. Таквиот мед се користел откако ќе отстои три до четири недели. Медот се давал на домаќините при бледило, општа слабост, малаксалост, губење на апетит, несоница, ноќно мокрење, ревматски болки, отежнато одење, мускулна слабост, кашлици, болки околу срцето и градниот кош итн.
Југославија била седми производител во светот
Се подготвувала и ракија траварка од цвет од коноп. Се ставале и свежи но почесто суви цветови во ракијата, која протекувала на почетокот од казанот и тогаш била најсилна. По три недели ставање на цветови во ракијата, таа можела да се користи за масажа на болните места, но и за домашно лечење за кое користеле колачи и мед со цвет од коноп. Посебно многу се користела кај болки во пределот на срцето.
Пушењето на цвет од коноп не се практикувало кај народот, се до крајот на 60-тите години, кога тој обичај го донеле посетители на музички фестивал на островот Вајт, каде младите од поранешната држава почнале да одат од 1968 година. Таму биле најголемите собири на рок музичари и фанови на рок музиката. Наеднаш прераснало во интерес за суви цветови на женскиот коноп кој сега се нарекува марихуана, потоа за индискиот коноп итн.
Пред појавата на обичајот за пушење на сув цвет од коноп, Југославија во 1964 година ратификувала Конвенција за опојни дроги, која во почетокот на 1961 година била усвоена во Организацијата на Обединетите Народи. Таа конвенција ја ратификувале нешто повеќе од 70 членки на ООН. Со оглед на тоа дека пушењето на цвет од женски коноп не било познато во тие години во Југославија, не се обрнувало посебно внимание на одгледувањето на коноп, кое било од државен интерес.
Југославија во тие години била седми производител на коноп во светот, а носело значајна заработка преку извоз на производи од коноп. Дури од летото во 1968 година, почнала милицијата да ги обиколува посевите со коноп и постепено да го забранува одгледувањето.
Веќе на почетокот на 70-тите години од 20 век, земјишните парцели, кои биле легално засадени со коноп, почнале да исчезнуваат. Југославија во 1978 година ратификувала измени и дополни на Конвенцијата на ОН за опојни дроги. За разлика од претходните Закони за ратификација, Југославија во 1990 година донела Закон за ратификација на Конвенцијата на ОН против незаконски промет на опојни дроги и психотропски супстанции, кој претходно бил усвоен во 1988 година во ООН.
Во зафрлените села, далеку од главните патишта, конопот продолжил да се одгледува за разни потреби во домаќинствата, кои се наведени во овој текст. Во народот сувиот цвет на конопот често се нарекувал веселица.
Машки и женски коноп
Со законот за спречување на злоупотреба на опојни дроги, Босна и Херцеговина во 2006 година оставила можност за одгледување на коноп под пропишаните услови. За жал, примената на Законот била многу отежната, бидејќи одгледувањето било забрането без договор со откупувач.
Фактички требало прво полицијата и судството да се едуцира за распознавање на машкиот и женскиот коноп. Останатите имиња се дневно – политички и новинарски.
Конопот е машки и женски. Женскиот има цвет, а го опрашува машки коноп преку ветер и инсекти. Цветот на женскиот коноп има изразена содржина на психоактивни опојни состојки. Машкиот коноп најчесто го нарекуваат индустриски, а женскиот индиски, па марихуана, канабис, трева, ганџа, итн.
Машкиот коноп исто така содржи опојни состојки, но во однос на цветот, тоа е речиси незначително. Кога на женски коноп ќе се скине цветот, стеблото се користи во индустриски цели, па и таа е индустриска билка.
Треба да се знае дека САД први забранија одгледување на коноп и потоа вршеа притисок на членките на ООН и тие да го забранат. Никогаш не е постигнат успех, сите членки на ООН да ја потпишат и ратификуваат таа Конвенција. За среќа, бидејќи светот би останал без најквалитетното платно и јажиња. Имено, платното од коноп не впива вода, па едрата со стотици години се изработувани од платно од коноп, но и шаторските платна.
Компанијата Леви Штраус во 1812 година произвела работнички панталони за рударите, од платно од коноп со гаранција, дека не можат да ги искинат два коња и дека нема да впиваат влага т.е. вода. Тоа е денес на сите познатиот џинс, а панталоните се фармерки. Се до почетокот на 60-тите години, за квалитетни фармерки се сметале тие кои можат да стојат исправено.
Царска облека
Од почетокот на 60-тите години, од употреба се исфрлени платната од коноп и лен, па фармерките почнале да се произведуваат од памук, кој е помек и од тогаш фармерките станале дел и од женската облека.
Јажињата од коноп се незаменливи во многу стопански гранки, посебно во поморството, токму затоа што не впиваат вода и не набабруваат. Во светот на текстилот и облеката, во последните 30 години посебно се ценети и многу скапи белите кошули од платно од коноп.
Моментално најголем производител на коноп и производи од коноп е Народна република Кина, која со извоз на полупроизводи и производи од коноп годишно заработува над 5 милијарди американски долари.
Југославија веќе во 80-тите години била избришана од светската листа на производители на коноп. Од државите кои настанаа со распадот на Југославија, одгледување на коноп под државна контрола се врши во Србија и Хрватска. Хрватска во европски размери е познат извозник на производи од коноп, посебно на јажиња.
Унгарија извезува јажиња, теписи и ткаенини од коноп во Америка. Романија исто така извезува во земји на западна Европа и Америка. Германија, Велика Британија, Индија, Италија, Шпанија и Полска самостојно ја развиваат својата текстилна индустрија на база на коноп. Јапонија ја продолжува религиозната традиција за производство на ткаенини од коноп за изработка на свечена царска облека.
Производството на ткаенини од коноп, од тој еко-пријателски материјал, е во експанзија и во многу други земји како што се Франција, Данска, Русија, Швајцарија. Посебо секаде во светот постои макар мал дел од земјиштето одвоено специјално за одгледување на коноп, со чија преработка се добиваат исклучително квалитетни ткаеинини, облека и други производи.
Приказната за селото Врховина
Селото Врховина во централна Босна било познато по квалитетни платна од коноп и лен. Се зборувало дека нема побело платно од тоа кое било исткаено во Врховина. Има многу народни носии посебно во травничкиот крај, кои се сошиени од платно исткаено во Врховина.
Интересно е да се каже, дека во Врховина од освојувањето на Босна во 1463 година, било напуштено и во статус мезра т.е. пусто поле, бидејќи населението избегало пред освојувачката војска.
Според пописот во 1604 година, во Врховина се одгледувал лен, но не од самото население туку од прекупци. Во текот на половината на 17 век Врховина повторно е населена. Од каде дошле жителите и со себе ја донеле вештината за ткаење на платно, не е забележано.
aura.ba