Home / Болести и лечење / Поради што настануваат проширените вени?

Поради што настануваат проширените вени?

Невидливи и болни, проширените вени се вообичаен проблем кај луѓето во постарата животна доба кои имаат намалена телесна активност.

Тежина и грчеви во нозете, отоци на зглобовите и на нозете, тапа болка, чувство на трнење на нозете и јадеж, се првите знаци дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени.

prosireni veniСтанува збор за трајно проширување на крвните садови. Проширените вени може да се јават на било кој дел на телото кое има богата венска мрежа, но сепак најчесто се јавуваат на нозете.Начинот на кој настануваат проширените вени лесно може да се објасни.

Крвта циркулира низ два венски системи, површински и длабински, кои меѓусебно се поврзани со ситни вени. За да крвта од нозете се врати во срцето, таа мора да ја победи силата на земјината тежа.

Враќањерто на крвта од нозете во срцето се одвива благодарение на стегањето на мускулите на нозете и на притисокот на стопалата при движење.

prosireni veni 22Залистоците кои се наоѓаат во sидовите на вените спречуваат крвта да се враќа назад.Ако залистоците лошо функционираат. крвта се задржува во вените и ги проширува.

Може да дојде до проширување на површните вени, но и на длабоките вени на нозете.

Мерки за превенција:

Прошетките, спортот, туширањето со млада вода, здравата исхрана, одморот со подигнати нозе, еластичните чорапи, посетата на лекарот, веќе при први знаци на болеста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top