Home / Болести и лечење / Почна сезоната на херпеси – еве како да ги спречите

Почна сезоната на херпеси – еве како да ги спречите

Инфекцијата со вирусот Herpes simplex тип 1 многу често се случува токму во овој дел од годината (иако може да се јави во кој било период). Овој вирус е многу распространет и еднаш кога ќе влезе во организмот останува во него.

Појавата на болни меурчиња на усните на возрасните и кај постарите деца многу често се нарекува треска и ја следат фебрилни состојби што ги предизвикала некоја друга болест, но најчесто нивното појавување е последица на стресот и преморот.

herpes3Доенчето или малото дете при првата средба со овој вирус (примоинфекција) против кој нема никаков имунитет, реагира со многу бурни симптоми и најчесто нејасната висока температура, истоштеноста, одбивањето да јаде и течење од носот ~ претходат на појавата на болните меурчиња на слузницата од устата.

Stomatitis ulcerosa herpetica, односно воспалението на слузницата на устата со појава на болни ранички е клиничката слика на инфекцијата со вирусот Herpes simplex тип 1. Болеста трае 14 дена. Откако детето ќе ја преболи оваа тешка инфекција, вирусот притаено останува во неговиот организам (нервните јазли, ганглиите), подготвен да се појави кога ќе се создадат за него погодни околности. А една од нив е изложувањето на сончевите зраци.

Ултравиолетовите зраци на сончевиот спектар на некој начин го стимулираат централниот нервен систем (мозокот и ‘рбетниот мозок) и на некој нејасен начин го “будат” вирусот кој се наоѓа во нервните ганглии, по што како последица се јавува треската најчесто на усните (herpes labialis), но кај децата не е невообичаено меурчињата да избијат и на носот и на образите.

Како се препознава инфекцијата со herpes simplex?

usta-ispukana2Почетните знаци на избивањето на херпесот, особено на долната усна, се чувство на печење и чешање проследени со појава на црвенило и оток за наскоро да избијат и типичните меурчиња со големина на зрно просо што се групираат во гроздести творби. Во средината на меурчињата се собира течност, која во почетокот е бистра, а потоа опалесецентна. Таа како вистински концентрат на вирусот е многу заразна. Иако извор на заразата може да биде и лице што е носител на вирусот, а нема никакви манифестирачки знаци на херпесот, сепак секако е дека многу поголема е веројатноста да се заразат чувствителните лица, пред с` доенчињата и малите деца ако се во контакт со човек што ги има јасните симптоми на болеста.

По 5 до 7 дена меурчињата пукаат, се сушат и на нивното место се создаваат жолтеникаво – кафени красти. Во оваа фаза болеста веќе не е заразна. Крастите паѓаат сами и не оставаат лузни.

За разлика од избивањето на херпесот на усните и на лицето, дијагнозата на примоинфекцијата на доенчето и малото дете која се изразува како тешка форма на воспаление на устата, во почетокот на болеста воопшто не е едноставна бидејќи главното обележје ~ е високата температура, црвенило на слузницата на устата и ждрелото и нерасположеност на детето.

Лекување со маст

Единственото ефектно лекување е примената на маст која содржи Acyclovir (лек кој дава резултати против вирусот Herpes simplex- Virolex). Најдоброто дејствување на лекот е видливо ако се примени веднаш по појавата на првите симптоми, а се мачка по неколку пати дневно (4-5 пати). Не смее да се нанесува со вата, туку болното место треба да се мачка со стаклено или пластично стапче. Може да се користи уште од најрана возраст.

Постои и облик на лекот кој се внесува во организмот ако инфекцијата се прошири, што е лесно можно кај децата со атописки дерматитис (егзема), особено ако постои сомневање за инфекција на централниот нервен систем (encephalitis). Секако дека во овој случај лекувањето се спроведува во специјализирана установа

(клиника за инфективно болести), која е стручно и технички оспособена за адекватен специфичен начин на санирање на тешките инфекции.

Превентивни мерки

Важно е да се обрне внимание на општите хигиенски мерки сосема исто како и при спречувањето на секоја друга зараза. Ако болното дете е на предучилишна возраст, а во домот имате и доенче, важно е да се преземат мерките за заштита: како прво да се избегне секој контакт на болното дете со доенчето и со други мали деца, потоа да се внимава на миењето на садовите и приборот за јадење, како и на крпите за бришење.

Многу е важна хигиената на рацете на болното дете и на лицето што го негува. Детето ќе ја допира раната и можно е со заразените прсти да си го истрие окото и да предизвика опасна инфекција кератоконјуктивитис, што може да остави трајни последици на чувствителниот орган за вид.

Уште поголем ризик постои за новороденчињата и за доенчињата кои страдаат од егзема бидејќи меурчињата на херпесот може да се прошират речиси по целото тело, па вирусот може да дојде до мозокот и да предизвика воспаление енцефалитис.

Треба да се избегнува наглото излагање на децата на сончевите зраци без соодветна заштита, т.е. кремови за сончање со соодветен заштитен фактор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top