Маслиновото масло одамна се користи во многу цели – од здравје, преку нега до исхрана.
Она што маслиновото масло го прави супер храна е високото ниво на мононезаситени масти, особено олеинска киселина и разните антиоксиданси.
Дознајте зошто треба секое утро да конзумирате 1 лажица маслиново масло.
Антиканцерогено дејство
Својствата на екстра девственото маслиново масло се корисни против неколку видови на рак. Кога се вршени испитувањата, најдобрите резултати се покажале во случај на рак на дојката и органите за варење.
Деменција
Една од причините за Алцхајмерова болест е зголемена акумулација на бета – амилоид во мозокот.
Тим од експерти од Универзитетот Монро во Луизијана открил дека олеокантал, соединение кое се наоѓа во екстра девственото маслиново масло, има моќ да го контролира нивото на бета – амилоид и значително го зголемува неговото чистење.
Шеќер во крвта
Екстра девственото маслиново масло покажало способност да ја намали зачестеноста на дијабетесот. Маслиновото масло може да биде од помош во лекувањето на дијабетес тип 2 кога се конзумира, но и кога се користи за надворешна употреба.
Крвен притисок
Една студија објавена во стручниот магазин Archives of Internal Medicine, покажала дека сите учесници со висок крвен притисок на крајот го намалиле внесот на лекови, благодарение на конзумацијата на 30 – 40 грама екстра девствено маслиново масло секое утро.