Home / Болести и лечење / Плодноста зависи од појадокот

Плодноста зависи од појадокот

Најново истражување на американски научници открива дека не е важно само што јадеме туку и времето и количеството на оброкот.

trudnicaВо истражувањето спроведено на жени кои страдаат од синдром на полицистични јајници, што значително влијае и врз веројатноста од забременување биле следени 60 жени поделени во две групи.

Дневно внесувале 1800 калории, со тоа што 30 жени најголем дел внесувале за време на појадокот, а другите 30 најголем дел од калориите ги внесувале за време на вечерата.

Резултатите покажале дека оние кои обилно појадувале имале за 50 отсто намалено ниво на машки хормони (кое е зголемено кај оние кои страдаат од полицистични јајници,) во однос на оние кои вечерале обилно.

Значи, ако сакате да забремените и покрај проблемите со полицистични јајници треба да го обмислите распоредот на калории во појадокот, вклучително со многу протеини и јаглехидрати, а да го намалите внесот на калории во остатокот од денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top