Најновите истражувања покажуваат дека млекото го намалува ризикот од заболување од деијабетес од тип 2, а виновник за тоа е транс-палмитолеинската киселина.
Во истражувањето учествувале речиси 3.750 луѓе, а откриено е дека луѓето кои на почетокот имале повисоко ниво на транс-палмитолеинска киселина, имале помал ризик од добивање на дијабетес.
Високото ниво на транс-палмитолеинската киселина се поврзани со одржувањето на доволното количество на холестерол во крвта, нивото на инсулин и поголема чувствителност на клетките на инсулин. Докторот Дариј Мозафариан, доцент на Катедрата за епидемиологија на Универзитетот Харвард, вели дека открил речиси три пати поголем ризик од добивање на дијабетес кај луѓето со највисоко ниво на масни киселини во крвта, а и кај оние со најниско ниво на масни киселини.
Експертите предупредуваат дека и покрај најновите истражувања луѓето не треба да го зголемат конзумирањето на млечни производи, со оглед на тоа што млекото и млечните производи може да содржат голем процент на масти, поради што луѓето можат да се здебелат. Тие додаваат дека препорачливо е да се конзумираат млечни производи што имаат помал процент на масти.