Free songs
Home / аларм / Пиел 4 литри леден чај дневно – Еве што му се случило…

Пиел 4 литри леден чај дневно – Еве што му се случило…

Лекарите успешно ја решиле здравствената мистерија кај еден 56-годишен пациент. Деталните лабораториски тестови откриле високо ниво на калциум оксалат во неговата урина, кој е составен дел од бубрежен камен.

Откриено е дека мажот од Аркансаз, кој дошол во болница поради мачнини, слаб организам, замор и болки во телото, пиел повеќе од четири литри леден чај на ден, пишува „Дејли мејл“.man-drinking-coffee

Лекарите се зачудиле кога мажот им рекол дека никогаш немал камен во бубрегот, ниту пак во неговото семејство имало таква дијагноза.

Низ детални разговори, пациентот открил дека пие повеќе од четири литри леден чај на ден, а токму чајот бил причината за неговите проблеми со бубрезите.

Црниот чај има високо ниво на оксилати, а ако се консумира во големи количини, може да предизвика дури и забавување на работата на бубрезите.

Пациентот поради проблеми со бубрезите морал веднаш на дијализа. Поради тешкото оштетување на бубрегот ќе мора доживотно да биде на дијализа.

– Тоа е единственото разумно објаснување – рекол лекарот Умбар Гафар кој за овој случај напишал текст за „New England Journal of Medicine“.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top