Кога сите луѓе би вежбале по 150 минути секој ден, би се спасувале 37,000 животи секоја година, би се спречиле 6,700 случаи од рак на дојка и 4,700 карциноми на дебелото црево.
Исто така, над 10,000 животи би можеле да бидат спасени секоја година, само кога луѓето би станале од каучот и би почнале повеќе да пешачат, објави британското здружение “WalkingWorks”.
Одењето е бесплатна активност која би можела да им ги промени животите на луѓето, истакнуваат експертите.
Физичката активност го намалува ризикот од срцеви проблеми и мозочен удар. Исто така влијае на другите болести како дијабетис тип 2, Алцхајмеровата болест и многу видови на карцином, пишува “BBC”.
“Неактивноста е светска епидемија и мораме да ја уништиме пред да биде предоцна.
Таа го зголемува ризикот од сериозни болести како дијабетис тип 2, срцевите болести и одредени видови на карцином.
Заради неактивноста луѓето стануваат подебели”, кажа Киаран Деван, извршниот директор на здружението “Macmillan Cancer Support”.
Затоа, искористете ги последните сончеви зраци и излезете на пријатна прошетка со пријателите и стекнете ја навиката на пешачење пред да почне зимата – резултатите ќе бидат видливи за многу кратко време.
Fox.mk