Home / природен лек / Печурки како лек

Печурки како лек

Традиционалната кинеска медицина и алернативната медицина на индијанците во Јужна Америка распознаваат голем број видови печурки, кои со векови се применуваат во т.н. микотерапија (терапија која базира врз дејството на печурките и од нив добиените екстракти, н.з.).

Маитаке, Пом-Пом, Шитаке и Реиши

sitake pecurkaД-р Ји Хуанг, кинеска лекарка која има ординација по општа медицина во Хановер, многумина од нејзините пациенти ги третира со различни печурки, кои носат имиња како Маитаке, Пом-Пом, Шитаке или Реиши. Таа точно знае која печурка помага кај одредени тегоби. Спектарот е широк од кашлица преку астма, тромбоза или шеќер па се’ до зајакнување на имунитетот. Печурки дури се применуваат и во терапиите против стареењето.

Лековитите печурки се употребуваат во кинеската медицина повеќе од 3.000 години, дури и како превенција од рак. Третманот со производи од печурки станува се’ попопуларен и во западните земји, а ефектот од нив одамна е познат во алтернативната медицина. Свен Уве Коте од Хановер на своите пациенти им ги препишува пред се’ како капсули, кои содржат гранулат од печурки. Капсулите се земаат со многу течност. На тој начин најдобро набабруваат, оти во поинаков случај може да предизвикаат несакани дејства како мачнина, грчеви во желудникот или дијареа. Важно е вистински да се дозираат, вели алтернативниот медицинар.

Со печурките се намалува крвниот притисок, се користат против тумори или за зајакнување на имунитетот. Печурките содржат и редица интересни супстанци: пеницилинот, мајката на сите антибиотици потекнува од печурка. Исто така и циклоспоринот, без кој трансплантационата медицина би била невозможна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top