Home / природен лек / Овој зачин ќе го победи ракот?

Овој зачин ќе го победи ракот?

Американскиот национален институт за здравје спроведува четири клинички експерименти со куркуминот – се разгледува како терапија за карцином на панкреасот, мултипли миелом, Алцхајмерова болест и карцином на колоректумот.

 

kurkumaКуркумата зазема висока позиција во традиционалната ајурведска медицина како чистач на телото, а атрибутот лековита го должи на својата активна состојка – куркумин, природен жолт пигмент. Куркуминот има позитивно влијание на организмот, ја подобрува работата на мозокот и на срцето, но е и силен блокатор на клетките на ракот. Познат е по моќните антиоксидативни, противвоспалителни и антибактериски својства.

Според клиничките испитувања може да помогне во лекување на ракот на простата, на дојка, на матка, на дебелото црево, на црниот дроб, белите дробови на кожата или преканцерозни состојби на кожата. Ја подобрува работата на имунолошкиот систем така што ги штити имунолошките клетки од нивните сопствени отрови (прооксиданси) кои се користат за убивање на клетките на ракот.

Денешната наука постојано ја продолжува листата со болести за чие излекување куркуминот помага. Куркумата (Curcuma longa) е зачинска билка од семејството ѓумбир, која се одгледува во Индонезија, Кина, Индија и во други тропски предели. Кога е свежа има ароматичен, лут или слатко горчлив и смолест вкус, а сушена развива арома на портокал и ѓумбир, со горчлив вкус. Дава типично жолта боја на карито и помага при процесот на варење на храната.

Се смета за лек против надуеност, па се препорачува на луѓе што чувствуваат умор по јадење или имаат проблем со гасови, надуеност и со опстипација. Како што пренесува “Дејли мејл” Адријан Гомбарт од Универзитетот во Орегон, со истражување покажал дека континуираната консумација може да помогне и да заштити од инфекции во желудникот и во системот за варење. Куркуминот покажал извонредни резултати при лекување кожни болести.

Одличен за кардиоваскуларни болести

srce33-300x201Ајурведата ја истакнува неговата улога во поттикнување на циркулацијата – крвотокот бидејќи е дефиниран како “оној што ја зајакнува” крвта, па се препорачува кај луѓе со кардиоваскуларни болести. Поради своите ајурведски својства, одличен е во третирањето на респираторни заболувања како и во редуцирање на кашлањето.

Чистач е на црниот дроб – може да поттикне поголема детоксикациска способност. Противвоспалителното дејствување на куркуминот е еднакво на некои противвоспалителни лекови, а нема никакво отровно дејство. Прелиминарните лабораториски студии покажаа дека куркуминот може да го спречи напредувањето на мултиплекс склерозата. Во Кина се користи и за лекување депресија.

Во последно време науката се врти кон испитување на ефектот на куркуминот во лекувањето на ракот, за што ајувердското знаење одамна ја истакнува и потврдува неговата корисност, особено кај жените во лекување цисти, миоми, рак на дојката и матката. Истражувањата, исто така, покажаа ниска појавност на карцином на дебелото црево и невролошки болести (Алцхајмерова болест), меѓу етничките припадници каде што на големо се внесува кари (поради антиканцерогените својства на куркумата која е главна состојка во овој мешан зачин).

Куркуминот ја зголемува антиканцерогената моќ на природниот молекул ТРАИЛ, кој ги уништува клетките на ракот предизвикувајќи апоптоза, програмирано самоуништување на клетките на ракот. Куркуминот се покажал делотворен и во спречување на метастазите.

Благодати на куркуминот

– Антиканцерогеното својство може да го запре растот на разни видови рак, блокирајќи го ензимот кој му овозможува на туморското ткиво да се размножи

– Го зајакнува имунолошкиот состав, ги редуцира негативните нуспојави на лековите за хемотерапија

– Антиоксидативни, антимикробни, антивирусни и противвоспалителни својства

– Превенција од сите видови улкус – гастритис, пептичен улкус, синдром на иритабилно црево

– Поради силното противвоспалително својство, спречува и помога во лекување на автоимуни болести како што се Кронова и Паркинсонова болест, улцерозен колитис, иритабилен колон, лупус, ревматоиден артритис, го намалува воспалението на слузницата на грлото, белите дробови, желудникот и цревата, јадеж и воспаление кои ги следат хемороидите и аналните фисури, го чува нервниот систем, корисен е за превенција од Алцхајмерова болест

– И’ дава сјаен тен на кожата, го забрзува залекувањето на раните, помага при разни кожни болести, како акни, егземи, дерматитис и псоријаза

kurkuma– Го поттикнува варењето, влијае на намалувањето на гасовите, го чисти долниот дел од системот за варење од токсини

– Помага кај сите видови алергии бидејќи го намалува покаченото ниво на хистамин

– Успешно дејствува на воспаление на зглобовите, помага кај остеоартритис

– Има својство на аналгетик, ја намалува и ја ублажува болката

– Го намалува нивото на шеќерот во крвта, помага при дијабетес и во лекување на конјуктивитис

-Успешно влијае на воспаление на зглобовите, помага кај остеоартритис

-Го поттикнува производството и излачувањето жолчка со што ја подобрува способноста на телото да ги вари мастите, ја регулира работата на жолчниот меур и превенира од жолчни каменчиња

– Ги намалува набрекнатите црнодробни канали, може да помогне при болести на црниот дроб, хепатитис, цироза и жолтица

– Влијае на елиминација на токсини од телото, ја поттикнува циркулацијата и поттикнува природно слабеење

– Помага при менструални грчеви и негативни симптоми на ПМС, позната е по одличните резултати за воспоставување хормонална рамнотежа кај жените

– Корисна е при вагинални инфекции (габично, бактериски и вирусни – ХПВ, херпес, ХИВ)

Го намалува ЛДЛ, а го подигнува ХДЛ-холестеролот, штити од затнување на артериите, настанување на атериосклероза, кардиоваскуларни болести, срцев и мозочен удар

Спречува создавање крвни згрутчувања, па е важен за сите крвни групи, посебно за А која има погуста крв, и поголема наклонетост за создавање крвни згрутчување, што поттикнува и годи на метастазите на ракот

КАКО ПАМЕТЕН ЛЕК

Истражувањата покажаа дека куркуминот на ракот дејствува како паметните лекови -канцерогените клетки ги уништува, а здравите ги остава недопрени. Според многубројни студии, куркуминот го потенцира дејствувањето на некои типови хемотерапија (пр. дексаметасон) така што ја зголемува чувствителноста на клетките на ракот на лекот, а на некои (Adriamycin-doxorubicin), им го намалува антиканцерогеното својство.

 

Контраиндикации: не смеат да го земаат личности со недостиг од витамин К и со нарушување во згрутчувањето на крвта, како и луѓе што земаат лекови за разредување на крвта. Не треба да го користат деца, жени што сакаат да забременат и доилки. Дијабетичарите и луѓето што имаат каменчиња во жолчката треба да консултираат лекар пред употреба на куркумин. Бидејќи куркуминот дејствува на крвотокот, треба да се престане да се зема три недели пред каква било операција.

Дозирање: како и секој друг природен препарат треба да се направи кура од минимум три месеци за целосни и долготрајни ефекти. Експертите за алтернативна медицина препорачуваат земање куркумин со млеко заради намален ризик за појава на остеопороза или ублажување на симптомите на артритисот. Може да се користи со хемотерапија, исклучиво по совет на лекарите. Дозирање за капсули: 7 отсто куркумин трипати на ден по една капсула, со 95 отсто куркумин една до две капсули на ден (В.Т.)

Надеж за дијабетичарите

Куркумата секој месец ги полни страниците на научните магазини. Неодамна објавена студија во списанието Мolecular Nutrition и Food Research, укажа дека дијабетичарите имаат голема корист од овој зачин. Здружените научници од Кореја и САД докажаа дека пигментот куркумин, има поволно влијание на инсулинската резистенција. Истражувањето го спровеле на глувци и ако слични резултати се повторат во истражување на луѓе, куркумата сериозно ќе се разгледува како помош при терапија и превенција од дијабетес.

Научниот тим под водство на професорот Ми-Ку Ли го разгледувал ефектот на диетата богата со куркумин на глувци со дијабетес и на здрави глувци (контролна група) шест недели. Кај глувците со дијабетес измерени се пониски вредности на глукоза, отколку во контролната група

Во групата глувци со дијабетес, измерена е поголема активност на ензимот глукокиназа во црниот дроб. Овој ензим одговорен е за претворање на глукозата во гликоген, основен јаглен хидрат што обезбедува пониска вредност на глукозата во крвта по јадење.

Додатокот на куркумата во храната за глувци, воедно поттикна намалена активност на некои други ензими што се поврзани со синтеза маркери на кардиоваскуларните болести, како слободни масни киселни, холестерол и триглицериди. Интересно е што позитивниот ефект на куркумата е забележан само кај глувците дијабетичари, а во контролната група немало промени во вредноста на глукозата, инсулинот и мерените ензими.

Изолиран пред два века

Куркуминот – растителен пигмент првпат е изолиран пред два века, а структурата му е одредена во 1910 година. Уште од времето на ајурведата (1910 пред Христос) на куркуминот му се препишувани многубројни терапевтски дејствувања на цела низа болести и состојби како болести на кожата, белите дробови и дигестивниот систем, рани и нарушена работа на црниот дроб. Интензивните научни истражувања спроведени во последниве 50 години, потврдија дека за поголемиот дел поволни дејствувања е одговорен токму куркуминот.

Нутритивна вредност

Освен апсолутниот адут куркуминот, куркумата содржи и цела низа витамини и минерали. Содржи витамин Б6, Б3, фолна киселина како и минералите калиум, железо и манган. Исто така се смета за извонреден извор на растителни влакна. Бидејќи обично во јадењето се додава една лажица, калорискиот придонес е незначителен.

Куркума и кари

Иако на многумина куркумата им звучи ново и егзотично, работите стануваат појасни кога ќе се поврзе куркумата и карито. Имено, карито е мешавина од 20 различни зачински билки, зачин и семиња, а куркумата е една од главните состојки, одговорна за жолтата боја на кари правот. Токму жолтиот пигмент куркуминот е највредниот дел од куркумата, коренеста билка која успева во јужна Азија.

Ако на декларацијата на прехранбениот производот во пописот на состојки прочитате Е100, не грижете се – тоа е ознака за природно жолто броило куркумин. Карито е доминантен зачин во индиската кујна, а поради сознанијата за многубројни поволности врз здравјето сè повеќе се користи и во западната кујна.

Зачин кој ветува

Научниците од Запад, неодамна ги запознаа вчудовидувачките тераписки својства на куркумата. Пред три години во американскиот “Волстрит журнал” излезе напис дека индискиот зачин буди огромна надеж – во последните пет години се направени повеќе од 1.500 научни трудови, кои зборуваат за куркуминот, а американскиот национален институт за здравје спроведува четири клинички експериментисо куркуминот – се разгледува како терапија за карцином на панкреасот, мултипли миелом, Алцхајмерова болест и карцином на колоректумот.

Како да уживате во куркумата?

*додадете на преливот за салата дополнителна нутритивна вредност и портокалово жолта нијанса со додавање малку куркумин во прав

* куркума на салатата од јајца, ќе ~ даде пожолта боја и дополнителна хранливост

*Помешајте кафеав ориз со грозје и индиски оревчиња, и зачинете го со куркума или кари-прав

Иако куркумата е основна состојка на кари-правот, некои луѓе сакаат да додадат уште малку од овој зачин кога подготвуваат кари

Куркумата или кари во прав се одлични зачини за дополнување на вкусот на леќата или карфиолот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top