Зелката содржи калиум, калциум, магнезиум, витамин Ц, витамин А, растителни влакна во големи количини, па така е совршен сојузник во зајакнувањето на имунитетот, особено во сезоната на вирози и грипови.
Нутриционистите советуваат дека свинското месо треба да го јадете со зелка како прилог, бидејќи овој зеленчук ги апсорбира мастите и подобро ги вари. Таа е одличен диуретик, го подобрува варењето (можат да ја користат лицата кои имаат чир во желудникот или гастрит), го намалува крвниот притисок, делотворна е за чистење на крвните садови, штити од рак на дебелото црево, додека сокот од зелка го намалува шеќерот и лекува гастрит.
Зелката содржи сулфорафан и изоцијанит, супстанци кои спречуваат појава на клетките на ракот. Освен тоа, зелката ја поттикнува меморијата, концентрацијата, ја подобрува работата на срцето и штити од слабокрвност.
Напитокот од зелка можете да го подготвите така што во блендер ќе изблендирате половина мала главица зелка, ќе и додадете околу 100 мл вода и сок од половина лимон.
Подготвениот напиток се пие свеж, веднаш, а за следното пиење задолжително направете повторно свеж напиток, не користете залихи.