Home / сведоштва / Овој човек ја одбил хемотерапијата и се излечил со помош на овој едноставен рецепт

Овој човек ја одбил хемотерапијата и се излечил со помош на овој едноставен рецепт

Кога лекарите на Стаматису Мораитис , грчкиот воен ветеран во 1976 година му дијагностицирале рак на белите дробови, тој се помирил со тоа дека ќе умре. Девет различни лекари му рекле како му останале шест месеци живот и дека веднаш треба да тргне на агресивен третман на хемотерапија. Тој не сакал да се лечи со тие опасни третмани, ја одбил хемотерапијата и се вратил во родното место Ицариј, брег во Грција.

hemoterapija

После тоа, се случило нешто неверојатно. Во самиот почеток, го фатила депресија па по цели денови лежел во кревет, а неговата сопруга и мајка се грижеле за него. Еден ден му се вратила вербата и желба за живот, додуша кратка бидејќи мислел дека му останува уште малку време. Тргнал да живее активно. Во недела наутро се качувал на брдото на кое се наоѓа православната црква во која неговиот дедо бил свештеник. Почнале да го посетуваат неговите пријатели, кога дознале дека се вратил во родниот крај и секој ден со нив би зборувал со часови со две шишиња локално произведено вино. „Барем ќе умрам среќен“, помислил.

Следните месеци од некои причини, почнал да се чуствува силен. Еден ден решил, да засади своја градина. Не очекувал дека ќе ги доживее плодовите од неа, но тоа било добра причина да ужива на сонце и свеж воздух , покрај морето.

Поминале шест месеци, но Мораитис не умрел. Наместо смрт, го набрал своето овошје, го исчистил семејното лозје, се соживеал со брегот, почанл да работи на лозјето, се будел рано и по цели денови бил надвор, на светлина. Сам си правел ручек од зеленчукот од неговата градина. Кога би се стемнило, би отишол во локалната кафана каде играл домино до доцна во ноќта.

Годините си минувале. Тој бил се поздрав, така се чуствувал. Ја доградил својата куќа со уште неколку соби, а годишно произведувал и до 1500 литри од неговото, домашно вино.

После 30 години ваков живот, доживеал 97 години кога сфатил дека не умрел и одлучил да ги посети лекарите со своите резултати за да провери што се случило. Кога отишол кај лекарите кои му рекле дека има само уште 6 месеци живот, интересно е како сите тие биле мртви. Сите ги надживеал.  И тоа така што никогаш не отишол на хемотерапија која требало да му го продолжи животот малку. Само се преселил во своето родно место. Мораитис починал кога имал неверојатни 102 години, среќен и здрав. Починал од старост, а ракот кој се споменувал, повеќе не постоел.

Што се случило?

Луѓето мора да знаат дека на болен човек не му треба толку медицина колку што му  треба верба, волја и враќање во природата. За здравје е потребна регенрација на телото и духот. Местото во кое се вратил, Ицарија, грчкиот брег кој е познат по здравата храна. Мештаните на тој брег не знаат за болести на срцето или рак. Тие се прилично ретки.

Маслиновото масло, блитва, јаглехидрати, леќа, леб од цело зрно, потоа зачини како оригано, магдонос се одлични намирници кои таму се користат секојдневно. Исто така таму црвено месо не се јаде повеќе од еднаш неделно.

„Можеби немаме многу пари, но секогаш имаме храна на масата и се забавуваме со семејството и пријателите. Не се брзаме се да направиме преку ден, некогаш работиме и преку ноќ. А на крајот од денот не одиме да седиме на креветот и да гледаме ТВ, туку се смееме, се дружиме, говорат мештаните“.

Особеноста на животот во Ицариј која ги лечи сите болести во тоа што на никој не му се брза да живее. Се што јадат и пијат сами го произведуваат во својата градина. Многу пешачат и по 20 км на ден, а после пладне цело село одмара. Многу се смеат и дружат како пријатели. Го пијат со свои раце направеното вино, но и многу чај и ја јадат својата храна.

Рецепт за лечење на темелите на животот во Ицариј

-Медитеранска диета. Многу, по можност сиров и домашен зеленчук. Да се исфрли месото целосно или да се ограничи на еден оброк неделно. Домашно маслиново масло, семки, житарици. Домашен леб со зрна житарици. Домашно овошје и зеленчук. Не заборавајте риба.

-Многу чај. Чајот има диуретички својства и има можност да ги отстрани сите отрови од телото, ако е домашен секако.

-Одмор. Одмарајте ако сте изморени. Не присилувајте го својот организам на живот со малку сон. Луѓето кои после пладне одмараат барем 5 пати неделно по пола час имаат 35% помала шанса од кардиоваскуларни болести. Исто така се намалува и хормонот на стрес.

-Бидете активно во природа. Шетајте, впивајте го сонцето и морето или зеленило, шума, трева. Работете, градете, сејте. Чуствувајте се корисни.

-Не брзајте со животот и ослободете се од стравови и стрес. Дружете се со пријателите, со семејството, смејте се многу и не очекувајте ништо од животот. Едноставно препуштете им се на убавините на животот. Доколку е можно преселете се во место без смог, без отрови во воздухот. Во место каде нема никој да ве тера или присилува на нешто. Живејте го животот и заборавете на болката. Живејте како да воопшто ја немате, како да не постои. Така живеел и Мораитис и преживеал. Ги надживеал сите оние кои му велеле дека ќе умре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top