Слабата циркулација, менструалниот циклус, прекумерната телесна тежина, лошата исхрана и бременоста се само некои од причините на непријатното чувство на тешки и изморени нозе.
Ако на сето тоа се додаде и промената на температурата, топлината и влажноста, отекувањето што е резултат на гравитацијата, односно таложењето на телесните течности во нозете е загарантирано.
За да се ослободите од оваа непријатна, а понекогаш и болна состојба, основна и најпрва помош претставува кревањето на нозете во лежечка положба – 30 см во висина над срцето.
Покрај тоа, се препорачува и консумирање чај од магдонос, кој помага во исфрлање на вишокот вода од телото.
Чајот можете да го приготвите на следниот начин: земете корен и листови од магдонос, иситнете ги и измешајте.
Пет мали лажички од оваа мешавина варете ги пет минути во половина литар вода. По варењето, оставете ја течноста да отстои уште 20 минути, а потоа процедете ја и консумирајте ја три пати дневно.