Home / природен лек / Испробајте: Природен регенератор за сува коса која опаѓа

Испробајте: Природен регенератор за сува коса која опаѓа

Губењето на сјајот на косата е првиот знак кој укажува дека и е потребна интензивна нега.

kosa 432Ако во последно време забележавте дека на четката имате повеќе влакна од вообичаено, а косата ви стана сува и крута на допир, природните решенија се најдобриот избор.

Зелениот чај е совршен, природен регенератор кој може да ви помогне во оваа битка. Благодарение на антиоксидансите со кои е богат, зелениот чај ви овозможува заштита и соодветна нега.

Освен тоа, содржи високо ниво на витамин Е кој делува смирувачки на кожата на главата, односно го намалува перутот и мастењето на косата.

За да подготвите домашен регенератор потребно е да ставите 2 лажици или 2 вреќички зелен чај во длабок сад и да го полеете со половина литар зовриена вода. По 5-7 минути тргнете ги кесичките чај или прецедете го.

Оставете ја течноста на собна температура, да се излади.

Откако косата ќе ја измиете со шампон прелијте ја со чајот, замотајте ја во пунџа, зацврстете со штипка. Оставете да отстои 10-15 минути.

Косата исплакнете ја со млака или студена вода.

Регенераторот од зелен чај можете да го користите преку едно миење на косата.

Извор: Црнобело

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top