Недостатокот на витамини во телото најчесто се одразува во неколку симптоми кои е лесно да се препознаат ако обратиме доволно внимание. Со најчестите симптоми донесуваме и начини како да ги надминеме.
1. Напукани рабови на усните
Ви недостасува: железо, цинк и витамини Б како ниацин (Б3), рибофлавин (Б2) и Б12.
Решение: Јадете повеќе пилешко и и мисирка, туна, јајца, блитва, кикирики и мешунки. Комбинирајте ги овие состојки со брокула и кељ.
2. Црвен осип на лицето како првут или опаѓање на коса
Ви недостасува: Биотин
Решение: Јадете тврдо готвени или печени јајца, лосос, авокадо, сливи, соја, орасти плодови, банани.
3. Црвени или бели израстоци кои личат на акни (на образите, рацете, колковите)
Ви недостасува: есенцијална масна киселина и витамини А и Д.
Решение: Зголемете го внесувањето на здрави масти, јадете повеќе јаткасти плодови и семки како лен. Важно е внесувањето на лиснат зеленчук но и морков и пиперки за витамин А. Зголемето го внесувањето на млечни производи.
4.Вкочанетост на раце, нозе и други делови од телото или трпнење
Ви недостасува: витамини Б, фолна киселина (Б9), Б6 И Б12.
Решение: Јадете спанаќ, аспарагус, цвекло, сите видови на грав, јајца.
5.Мускулни грчеви, болки (во нозете)
Ви недостига: магнезиум, калциум и калиум.
Решение: Јадете банани, бадеми, лешници, цреши, јаболка, грејпфрут.