Free songs
Home / аларм / Оваа смрзната храна е опасна за здравјето

Оваа смрзната храна е опасна за здравјето

Меѓу свежата и смрзнатата храна нема многу разлики што се однесува на хранливите материи. Проблемот е ако купувате полуготови и готови производи кои се смрзнати. Имено, самиот начин на подготовка многу ги менува здравствените придобивки од таквата храна.

Еве што треба да избегнувате:

Смрзнати пици
Големи се шансите дека ова јадење е полно со адитиви и други непожелни состојки. Ако не ви се меси тесто, многу е подобро да отидете до пицерија и да ја јадете пицата таму, отколку да ја земете смрзната па да ја печете дома.

zamrznata-hrana-1-300x168Смрзнат чизбургер

содржат 500 калории и речиси 15 грама од најнездравите масти – хранливи влакна речиси и да нема

Смрзнати јадења со тестенини
Разните видови тестенини кои се ставаат во полуготовите пакувања храна воглавно се прават со трансмасти кои се опасни за циркулацијата. Нормално дека содржат и адитиви полни со натриум.

Смрзнати пилешки крокети или морски плодови во стапчиња 
Во ваквите крокети има малку месо, но многу трансмасти. По правило, смрзнатото пилешко има два до три пати повеќе маснотии отколку обичен чизбургер.

Смрзнат помфрит
И најсвежиот помфрит не е пример за здрава храна, а камо ли смрзнатиот. Освен тоа, смрзнатиот се наоѓа и во пластична ќеса, која може да содржи хемикалии штетни за здравјето.

Смрзнати полуготови или готови колачи или печива
Колачите кои се полуготови и кои ќе ги подготвите за 2 минути не се добри за здравјето. Наместо тоа, потрудете се да направите сами свежи десерти, така со сигурност ќе си знаете што ќе ставите внатре и ќе ја контролирате количината на шеќери и адитиви.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top