Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за здравје и среќа. Една од овие приказни за растенија кои ги имаме, но не знаеме колку се важни е токму Spatifilum, за кое се верува дека носи среќа на припадничките на понежниот пол.
Оваа билка ја нарекуваат уште женска среќа, а името верувајте не го добила залудно. Се препорачува да ја чуваат не мажени девојки во своите домови за да си ја пронајдат среќата. Од друга страна, ако ја подарите на девојка која е мажена, тогаш се верува дека таа ќе остане бремена.
Низ годините се појавило верувањето дека билката носи среќа така што оние кои се во брак имаат хармонија, не мажените девојки во врска добиваат понуди за брак, а оние кои се сами го наоѓаат својот љубовник.
Денес женската среќа е една од најраспространетите билки кои често се подаруваат некому.