Ракот на дебелото црево денес е еден од најчестите облици на рак меѓу мажите и жените.
И покрај тоа што многу заболени користат разни природни лекови и препарати кои им помагаат, а многумина тврдат и дека ја спречуваат лошата болест медицинските стручњаци многу често кон нив се скептични и тврдат дека сè уште не се спроведени доволно истражувања коишто би потврдиле дека тоа е навистина така.
Сепак, од друга страна постојат разни истражувања коишто се објавуваат во разни здравствени магазини, а едно од нив е истражувањето на научниците од Универзитетот во Аделејдо, Австралија. Тие, имено, откриле дека лауринската киселина, која инаку сочинува 50 отсто од кокосовото масло, уништува повеќе од 93 отсто клетки на ракот на дебелото црево кај луѓето по само 48 часа третман.
Интересно е дека лауринската киселина ги отрула клетките на ракот така што истовремено предизвикала оксидативен стрес, притоа значајно намалувајќи го нивото на глутатионот (кој им е потребен на клетките на ракот за да се заштитат од оксидативниот стрес). Експериментите се спроведени ин витро во Петриеви садови, но и ин виво на глувци, покажувајќи еднакво дејство.
Лауринската киселина инаку се наоѓа и во мајчиното млеко, а претставува масна киселина која го поддржува имунолошкиот систем и има антимикробни својства. Клиничките студии на Американското друштво за нутриционизам покажале дека мастите во кокосовото масло можат да бидат корисни во лекувањето и превенцијата на состојбите како дијабетес, остеопороза, вирусни болести (мононуклеоза, хепатит Ц, херпес…), болести на жолчката, Кронова болест и рак“.
Докажано е дека кокосовото масло ги намалува несаканите ефекти на хемотерапијата и дека го подобрува квалитетот на животот на пациентите заболени од рак, пишува „theheartysoul“.