Home / аларм / Откако ќе го прочитате ова, повеќе нема да користите стапчиња за уши

Откако ќе го прочитате ова, повеќе нема да користите стапчиња за уши

Ако спаѓате меѓу оние кои редовно ги чистат ушите со стапчиња и не можат да престанат со таа навика, ова би требало да ве разубеди еднаш засекогаш дека тоа не смее да се прави!

Како што објаснува оториноралингологот Даглас Бакус, церуменот во ушите всушност ги штити ушните канали.

usi -stapceОсвен што спречува прашината и разните валканици да влезат во увото, церуменот има состав кој може да се спореди со антибактериско делување.

Значи, ушниот восок всушност делува како природен чистач на увото и го чува неговото здравје.

Ако се прашувате што се случива со вишокот на восок – природата и за тоа се погрижила. Вишокот на восок кој се суши едноставно самиот излегува од увото секогаш кога вилицата е во движење – кога зборувате или џвакате.

А, во што е проблемот со стапчињата за уши?

Бакус тврди дека секојпат кога го чистиме увото со стапче всушност го туркаме восокот во внатрешноста на увото, но во тој дел не функционира природниот состав за самочистење. На тој начин можно е да се предизвикаат инфекции, а вишокот може дури и да ги затвори каналите и да предизвика оштетување на слухот.

Поради ова, лекарите често препорачуваат стапчињата за чистење на уво да се исфрлат од употреба.

Со стапчињата ја иритирате внатрешноста на школката како и кога се чешате после убод од комарец. Затоа е потребно само да престанете и да се навикнете на помислата дека на ушите не им е потребно чистење.

Единствено што лекарите велат дека е добро да направите е од време на време е да ја исчистите ушната школка, односно надворешниот дел од увото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top