Дали верувате дека во светот постои човек кој отишол во пензија на 95 години? Доказ дека тоа е можно е докторот Елсворт Ворхем, славен кардиохирург кој неодамна наполнил 100 години.
Тој во животот поминал сè и сешто, вклучително и Втората светска војна, во која учествувал и работел како лекар, а својата професија отсекогаш ја сакал.
-Го знаете она кога луѓето велат дека имаат животен повик? Јас чувствувам дека мојот беше лекарскиот, вели Ворхем.
Како славен хирург многу пати видел срце, срвни садови и бели дробови уништени од храна, пушење, недоволно сон и премалку движење. Уште пред повеќе од 60 години одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави намирници.
Бидејќи месото се смета за храна богата со важни состојки тој одлучил лично тоа да го провери. Спровел студија и заклучил дека протеините од животински масти го зголемуваат нивото на холестерол, па неговата одлука била да премине на веганска исхрана – мени кое ја вклучува сета храна од животинско потекло.
Исто така, секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5 часот наутро. Елсворт верува дека за него најдобро е да јаде два пати дневно, а за појадок задолжителни се житарките од цело црно со бадемово млеко.
Остатокот од денот, овој човек го минува со семејството и вежба така што ја средува градината која ја има – ја коси тревата, ги средува розите и декоративните грмушки.
Благодарение на овој начин на живот, тој престанал да оперира дури на 74 години, две години подоцна од законски пропишаното, а до својата 95 година предавал на Универзитет и бил ментор на млади доктори за време на големи операции. Доколку било потребно им помагал.
На него и ден денес не му е потребна помош од друг, се работи без никаков проблем, во градината поминува и до 10 часа дневно, се качува без проблеми по скали.
Пензионерските денови ги минува во друштво со 14 години помладата сопруга Барбара, која ја запознал во 1948 година во болница каде работел како шеф на хирургија, а таа била на пракса за медицинска сестра.
-Кога еднаш излегов со него, младите момчиња повеќе не ме прилекуваа, изјавила Барбара која имала 21 година кога се започнала со Елсворт. Тие се 60 години во брак и имаат пет деца, четири сина и една ќерка, како и 8 внуци.
Тој верува дека тајната за долговечност е во правилната исхрана и активниот живот.
-Ако имате холестерол близу долната граница, малку се шансите да доживеет срцев удар. Јас воопшто не би се вознемирил ако почувствувал болка во градите, знам дека не е ништо, посочува искусниот доктор кој додава дека ужива во животот.