Home / алтернативна медицина / Осум гушкања дневно “гарантираат” среќа

Осум гушкања дневно “гарантираат” среќа

Секогаш е добро да се најдеш во прегратката на некоја драга личност, но дознајте што му се случува на телото кога се гушка? Гушкањето стимулира лачење на двата најважни хормони за расположението – окситоцин и кортизол, твдат австралиските научници.

hug-1Првиот е уште попознат како хормон на среќата, и нејвеќе се лачи за време на породувањето или за време на доењето, а по гушкање неговата концентрација расте, додека хормонот кортизол кој е предизвикан од стресот значително опаѓа. Ако се најдете во прегратките на некого кој го сакате барем дестина минути, ќе се чувствувате подобро, порасположено, напнатоста ќе исчезне, а и нема да чувствувате замор.

Исто така и високиот крвен притисок опаѓа, што е добро за срцето. Прегратката го зајакнува имунитетот, ја намалува болката, покажало истражувањето спроведено на 60.000 испитаници.

Хормонот на љубовта поттикнува друштвено поврзување и позитивни емоции, ги зближува мајките со децата за време на породувањето и стимулира лачење на млеко, а во исто време овој хормон подмалдува и ги зајакнува мускулите. Најголемите промени во нивото на окситоцинот се случуваат после гушкање меѓу двајца вљубени, но и прегратките меѓу блиски пријатели го даваат речиси истиот ефект.

Дневно, птребни ни се најмалку 8 прегратки, а со 12 можете да напредувате во кариерата, тврдат научниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top