Може ли консумирањето на ореви да биде клуч за здраво срце? Новото истражување покажува дека тоа овозможува моментална заштита од срцеви болести. Редовното земање би овозможило и трајна заштита.
Научниците забележало значително подобрување на нивото на холестеролот и флексибилност на крвните садови што овозможува добар проток на крвта само 4 часа откако луѓето консумирале ореви или ореово масло. Истражувањето покажува дека редовното консумирање долгорочно ги штитело од кардиоваскуларни болести.
Оваа студија прва идентификуваше кој дел од оревот овозможува најголема здравствена корист. И само една консумација на три лажици ореово масло ја поправа состојбата со крвните садови веќе после 4 часа. Маслото од орев се покажа како добро за зачувување на функцијата на ендотелијалните ќелии. Станува збор за ќелии кои ги обложуваат крвните садови и играат важна улога во нивната флексибилност. Оревите содржат омега 3 масни киселини,растителни стероли и витамин Е а сето наведено го намалува холестеролот и ги штити крвните садови.
Imam drvo i svakog dana po par komada, svakako nije stetno
Ko ima drvo resio je i slatkise za svaku godinu, i onako su najskuplji deo svakog kolaca