Home / аларм / Опасно по здравје! Три работи кои мора веднаш да ги фрлите

Опасно по здравје! Три работи кои мора веднаш да ги фрлите

Колку пати сте се нашле во ситуација да планирате да ги фрлите таблетите или пак некој дел од вашата козметика, но сепак сте се откажале. Иако таложењето на работите му штети на изгледот на вашиот стан, а уште повеќе на вашето здравје и изглед, од некои работи би требало да се ослободите, и тоа без размислување.

lekovi3221. Стара козметика

Кога зборуваме за козметиката, правилото е многу едноставно – ако е стара, сува или не планирате никогаш да ја употребите, фрлете ја без размислувањe. И додека во влажната декоративна козметика, како пудрата, маскарата и тушот за очи, со тек на време почнуваат да се развиваат бактерии, сенките и руменилата по истекот на рокот повеќе го немаат истото дејство на кожата. Што се однесува до препаративната козметика, ако на кремовите или маските за лице истече рокот на траење или пак ја промениле бојата или структурата, никако не ги ставајте на кожата, бидејќи може да предизвикаат силни алергиски реакции. Истото се однесува и за кремовите за сончање коишто не би требало да се користат две сезони по ред.

2. Стари четки и сунѓерчиња за туширање

Според последното истражување, работите што ги користите за да го измиете своето тело може да бидат највалканите предмети во вашиот дом. Тоа секако се однесува на сунѓерите или четките за туширање што ги користите премногу долго.

Имено, бактериите најбрзо се развиваат на влажните места, а влакната од нашите помагала за туширање се како создадени за размножување на бактериите. Ако сунѓерчето за туширање го користите премногу долго, на него ќе почнат да се создаваат бактерии, но и габички коишто можат сериозно да му наштетат на нашето здравје.

Сунѓерчињата и четките немојте да ги користите подолго од 3-6 месеци, а доколку сакате максимално да се заштитите, сунѓерчињата по туширањето повторно насапунете ги, добро измијте ги па оставете ги блиску до извор на топлина сосема да се исушат.

3. Лекови

Иако примарната функција е да го чуваат нашето здравје или пак да нè излекуваат од разни болести, старите лекови од нашата домашна аптека може да станат опасни. Имено, просечен рок на траење на лековите е околу една година. Сè над тоа го намалува дејството на истите или пак, во некои случаи може да стане и опасно за здравјето. Истото вреди и за лековите коишто не се во оригинално пакување.

Доколку забележите дека заштитната фолија на пакувањето на таблетите е продупчена или пак таблетите испаднале од кутијата, никако немојте да ги користите туку веднаш фрлете ги во посебно означени места за таков вид отпадок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top