Free songs
Home / аларм / Опасна бактерија во Македонија: Три лица починаа од кои едно бебенце, седум заболени!

Опасна бактерија во Македонија: Три лица починаа од кои едно бебенце, седум заболени!

Комисијата за заразни болести во присуство на Министерот за здравство, Никола Тодоров, одржа состанок, кој е трет по ред во изминатите 4 дена, по добиените информации од Институтот за јавно здравје дека за еден месец е регистрирана појава на 7 случаи кај кои лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, а со цел разгледување на состојбата и донесување предлог мерки. При тоа, 5 од пријавените случаи се со дијагноза листериозен менингитис или менинго енцефалитис, а две новородени деца се со дијагноза листериозна сепса.

Од пријавените 7 случаи, три завршиле со смртен исход, од кои еден на возраст од 72 години, вториот случај на 59 години и едно новородено дете.

bakteria-virus-labaratorija11Листериозата е бактериско заболување, кое најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија, како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, димена риба и друго. Кај здрави лица со подобар имунитет, заболувањето поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареа или симптоми слични на грип. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени целзиусови).

Најчесто се регистрира меѓу постари лица со намален имунитет, бремени жени и новородени деца. Кај нив може да предизвика сериозни компликации, како сепса, воспаление на мозочни обвивки (менинго енцефалит), воспаление на срцева обвивка (перикардит), воспаление на зглобови и сл.
Според податоци од ИЈЗ, во текот на 2013 година бактеријата е изолирана кај 3 мостри од храна, но нема пријавено заболени лица. Во 2014 година (до јуни) уште во три мостри од храна е изолирана оваа бактерија, при што само во последниот месец се пријавени 7 случаи на лица заболени со листериоза.

Поради фактот што во изминатите години не е пријавен случај на заболен каде причинител е листеријата, како и поради превенирање на појава на нови случаи и ширење на заболувањето, Комисијата ги презеде следните мерки и заклучоци:

labaratorija•       Центрите за јавно здравје направија теренски проширени епидемиолошки истражувања кај сите случаи со листериоза, посебно во однос на консумација на видовите храна во претходниот месец пред појава на симптомите.

•      Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се задолжи да изврши вонредни контроли во сите поголеми производствени погони за храна, магацини за чување и дистрибуција на храна со земање на мостри за анализа. За време на викендот и во текот на денешниот ден се земени 10 мостри од оператори со храна од месната индустрија и се доставени за анализа во ИЈЗ и Факултетот за ветеринарна медицина, а акцијата продолжува до крајот на неделата.

•       Исто така, АХВ е задолжена да изврши вонредни контроли на сите зелени пазари и при тоа секој вид на храна кој се чува во несоодветни услови да биде одземен. Акцијата е во тек.

•   ДСЗИ се задолжија да направат контрола над безбедноста на млекото наменето за доенчиња на одделенијата за неонатологија и педијатриски одделенија со земање на мостри за анализа. Во тек на денешниот ден се земени 10 мостри од млеко за доенчиња, кои се доставени за анализа во ИЈЗ и Факултетот за ветеринарна медицина. Акцијата продолжува до крајот на неделата.

•         По насока на Комисијата, земените мостри од надзорите паралелно се проверуваат во ИЈЗ и Факултетот за ветеринарна медицина.

•         ДСЗИ да поведе прекршочни постапки согласно закон против сите микробиолошки лаборатории, кои изолирале, а не пријавиле изолат на листерија.

Во продолжение се препораки за општа популација и за лица со ризик и намален имунитет.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top