Home / Болести и лечење / Опаѓање коса, кревки коски, ноќно слепило – симптоми дека ви фали Витамин А

Опаѓање коса, кревки коски, ноќно слепило – симптоми дека ви фали Витамин А

Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен и во лекувањето на акни и мали брчки.

vitamin
Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА ВИТАМИН А

За среќа, повеќето луѓе внесуваат доволно витамин А преку храната. Но, недостигот на овој витамин иако е реткост, сепак се појавува. Особено изложени на ризик се луѓето болни од рак, туберкулоза, пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на простатата.

Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:

Склоност кон вирусни инфекции;
Ноќно слепило;
Опаѓање на косата;
Загуба на апетит;
Проблеми со коските.

ПРЕДОЗИРАЊЕ СО ВИТАМИН А

vitamin-A food sources

Кога зборуваме за витаминот А нема како, а да не споменеме нешто повеќе за предозирањето со овој витамин. Таа појава се нарекува хипервитаминоза А и значи дека вашиот организам има складирано повеќе витамин А отколку му е потребно за правилно функционирање.

Најчесто предозирање со витамин А се добива со прекумерно консумирање на витамин А како додаток во исхраната. Хипервитаминозата А може да доведе до проблеми при породувањето, аномалии на црниот дроб или проблеми со централниот нервен систем.

Некои од симптомите кои се појавуваат при интоксикација (хипервитаминоза) со витамин А се: загуба на апетит, раздразнетост, малаксаност, кршливи нокти, главоболка, проблеми со видот, депресија и анемија.

Примањето на големи количества витамин А за време на бременост може да предизвика спонтан абортус или дефекти на новороденчето. Поради тоа, бремените жени не треба да примаат витамин А како додаток во исхраната, освен ако тоа не е препорачано од доктор.

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН А

Витаминот А е застапен во рибиното масло, црниот дроб, јајцата, млекото и млечните продукти, туната, темнозелените и жолтите зеленчуци, морковот, дињата, компирите и др.

Најчесто е присутен во: млеко, путер маргарин, јајца, говедски црн дроб, рибино масло, морков, диња, спанаќ, листови од ротква, магдонос, праска, кајсија, слива, глуварче и тиква.

Каротини(перкусори на витаминот А) се наоѓаат во: портокаловиот и жолтиот зленчук, шипка, црвена пиперка, тиква, дренка, домат, глогинки и црвена боранија.

– Најбогато со Витамин А е рибиното масло, кое покрај витамин А уште содржи и витамин Д, јод, бром, арсен и фосфор.

– Лесното готвење и ладната температура (ладни продукти) не го уништуваат, но, предолго готвење (оксидација), сушење, светлина и висока температура го уништуваат витаминот А.

– Присутен е во крвта и во млекото на сите цицачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top