Home / Болести и лечење / Одберете го вистинскиот лек за вашата болка

Одберете го вистинскиот лек за вашата болка

најтешкото е да го изберете вистинскиот лек, кој веднаш ќе ви помогне. Со толку многу избор по аптеките многу е лесно да погрешите. Ние ви ја олеснуваме таа работа и ви ги претставуваме состојките, кои треба лекот да ги содржи за брзо да ја отстрани болката.

-Ако имате постојани болки или доколку сте алергични на некоја состојка веднаш консултирајте се со вашиот доктор!

Главоболка

glavobolka-300x199Доколку имате тапи болки во главата или постојана мигрена, побарајте лекови во кои се искомбинирани ацетаминофен, аспирин и кофеин.

– Лекарствата ја блокираат болката на различни нивоа, па оваа комбинација ќе покаже многу поголеми ефекти, отколку другите поединечни таблети, изјави д-р Винсент Мартин, интернист и експерт за главоболки.

Кога имате главоболка, крвните садови во мозокот се прошируваат. Кофеинот ги стеснува тие садови и ја ослободува болката. Аспиринот помага во блокирањето на болката при што ја активира хемикалијата во мозокот наречена простагландис, која ја ослободува болката и нејзините ефекти.

Посетете доктор ако: Имате чести главоболки, кои не реагираат на лекарствата или ако се остри. Исто така, ако имате проблеми со црниот дроб, консултирајте се доктор, бидејќи можеби ацетаминофенот ви влијае лошо.

Киселини во стомакот

stomak– При обична киселина во стомакот алкалиите може брзо да ја неутрализираат стомачната киселина, вели гастроентерологот д-р Чарлен Пратер.

Ако сте склони кон дијареја, земете алкалии со алуминиум хидроксид или калциум, а земете магнезиум при тврда столица.

Посетете доктор ако: Имате киселини во стомакот повеќе пати неделно или ако симптомите се влошат.

Болка во грбот или воспалени мускули

Ибупрофен или напроксен се посилни и имаат подолго дејство од која било друга таблета против болка. Тие го блокираат создавањето на болка и го намалуваат воспалението во мускулите.

bolki grbСепак, ако имате висок крвен притисок, стомачни болки или проблеми со бубрезите, тогаш овие лекарства не се опција. Ацетаминофенот е наредната добра таблета. Нејзина цел е делот во мозокот кој ја добива болката и ја испраќа до повреденото место.

Која било пилула да ја земете, на заболеното место може да се мачкате со гел кој содржи ментол или салицил, при што ќе ве опушти.

Посетете доктор ако: Болката во грбот или во мускулите се влоши за неколку дена.

Грип и настинка

Земете ибупрофен, напроксен или ацетаминофен, кои ќе ви ја намалат треската и ќе ве ослободат од болките за време на настинката. Избегнувајте аспирин или лекови кои содржат аспирин. Тие може да предизвикаат една сериозна состојба наречена Реунов синдром!

Kako-da-ja-izbegnete-nastinkata-na-krajot-od-letoto-300x200Посетете доктор ако: Имате болки во градите, тешко дишете, имате сериозна кашлица или треска која трае неколку дена.

Менструални грчеви

Една анкета покажува дека многу од жените искусуваат менструални болки. И во овој случај ибупрофенот, напроксенот или ацетаминофенот дефинитивно ќе ви помогнат.

– Земете ибупрофен или напроксен пред да ви дојде менструалниот циклус или веднаш по првата болка. Ако ова го практикувате, нема да ја чувствувате болката, вели гинекологот д-р Џил Мора Рабин.

Посетете доктор ако: Овие лекови не помогнат или ако премногу крвавите.

idividi.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top