Home / сведоштва / Од молитвите пред чудотворната икона се родиле 17 деца

Од молитвите пред чудотворната икона се родиле 17 деца

Среде Поречието,  манастирскиот комплекс посветен на раѓањето на пресвета Богородица во селото Манастирец, во близина на Македонски Брод, кој се верува дека почнал да се гради во десеттиот век и кого премрежијата кои ги издржал низ вековите го прават уште подревен и помистичен. 

manastirec2Сепак, она по што оваа црква е најпозната, ни открива отец Бенедикт, е чудотворната икона на пресвета Богородица, која е поставена во близина на олтарот.

Молитвата пред неа им помага на сите кои веруваат во Бога, а најмногу на брачните парови кои немаат деца. За нив отецот го применува своето искуство кое го научил при монашкиот подвиг на Света Гора.

Им дава на жените светогорска врвка, која ја нарекува појас и ги советува како и кога да ја носат. Во неговото 14-годишно искуство досега им помогнала на 17 парови. Се родиле 17 дечиња, а сега во јули треба да се родат и близначиња во Скопје, раскажува.

manastirec

– Амајлијата ја носи само жена која има црковен брак со сопругот, само во постите за Божиќ, Велигден, петровденските или богородичните пости. Тоа е една врвка, светогорска, јас ја давам. Јас им кажувам како да постат, како да ја носат, што треба да прават, им се чита молитва за деца и кога ќе го вратат појасот, им велам: од мене толку, од Богородица повеќе. Досега благодарение на молитвата се имаат родено 17 деца, сега ги чекаме и првите близнаци – гордо раскажува отецот. Насмевката која притоа се појави на строгото лице веднаш згасна. Се потсети на кражбата која се случила пред две години, кога освен златните дарови од чудотворната икона, биле ограбени и моштите на светите Кузман и Дамјан и од свети Пантелејмон.

-За жал, тие се уште не се најдени, но иконата и покрај тоа, продолжува со чудотворствата – додава нашиот домаќин.

Вечер.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top