Чистењето на јазикот е техника која ја користеле древните јогини, во насока на одржување на оралната хигиена, но и на здравјето на организмот.
Техниката помага за одржување на здравјето на забите, усната празнина и отстранување на лошиот здив.
Но, малкумина знаат дека бактериите кои се собираат на јазикот негативно влијаат на општата здравствена состојба и предизвикуваат низа заболувања, кардиоваскуларни проблеми, пневмонија, го зголемуваат ризикот кај лицата заболени од дијабетес.
Техниката на чистење на јазикот е многу едноставна, а нејзините ефекти се неверојатно корисни за вашето здравје.
Потребно е само да одвоите малку време и да стекнете навика која ќе ви помогне да си го зачувате здравјето.
Техника на чистење на јазикот
Со мало лажиче движете се од коренот кон врвот на јазикот. Ќе забележите дека на лажичката се собира бела наслага која ги содржи сите нечистотии и бактерии кои тука се таложат.
Во почетокот можеби ќе чувствувате гадење, па затоа не одете сосема од коренот на јазикот. Постепено, ќе стекнете навика и ќе успевате да започнете со чистењето сè поблиску до коренот на јазикот, без тоа да ви предизвикува гадење.
Влечете со лажичката сè додека од јазикот излегуваат белите наслаги, повремено плакнејќи ја лажичката.
Техниката се изведува наутро, а ефектите се чувствуваат доколку редовно се практикува.