Американски научници од Универзитетот Њу Мексико рзвија прв тест за откривање на туберкулоза што се темели врз моменталната анализа на здивот.
Научното списание „Nature Communications“ пишува дека со новиот тест ќе биде овозможено да се утврди и дали се работи за туберкулоза отпорна на лекови.
Со стандардни методи за тоа е потребно до шест седмици.
Новиот тест се темели на откривање гасови кои бактериите на туберкулоза ги излачуваат во рок од десет минути по изложеноста на антибиотици.
При тоа клучна улога има ензимот специфичен за туберкулозата кој го активира применетиот антибиотик.
Се проценува дека од туберкулоза во светот се заразуваат 8,6 милиони луѓе годишно.
Секој ден умираат 1,3 милиони луѓе заболени од туберкулоза.