Free songs
Home / аларм / Нов многу болен вирус се појавил – Издадено е и официјално предупредување

Нов многу болен вирус се појавил – Издадено е и официјално предупредување

Вирусот што предизвикува болка до тој степен што ги тера пациентите да врескаат во кревет со денови, пристигнал во западната хемисфера. Од Центрите за контрола на болестите алармираат дека треба да се превземат мерки на претпазливост. „Chikungnya“ вирусот го имаат потврдено 10 луѓе од француската страна од Свети Мартин на Карибите, а многу веројатно е истиот да заврши во САД, велат од CDC.

2D10158208-131218-asian-tiger-mosquito-1045a.blocks_desktop_smallИстиот се шири од комарците кои го пренесуваат Денга вирусот. „Микробите немаат граници и појавата на Chikungunya вирусот во западната хемисфера претставува една закана за безбедноста на здравството, вели директорот на CDC доктор Том Фриеден. CDC експертите предвидуваат и се подготвени за неговото доаѓање кое се очекува за неколку години и имаат надзорен систем кој може да им помогне да го следат. Вирусот обично не е смртоносен, но може да предизвика лоши главоболки, болки во зглобовите, осип и грозница.

Неговото има на Makonde јазикот, кој се зборува во Танзанија и Мозамбик во Африка, значи „that which neds up“, односно ја означува болката од која пациентите често се згрчуваат од болка. Вирусот почна да се шири надвор од Африка во регионот околу Индискиот Океан, Азија и Европа. Досега само 109 патници го имаат пренесено во САД, каде продолжува да се шири.

Вирусот Западен Нил, исто така е пренесен од страна на комарци, а пристигнал во САД во 1999 година и сега се шири низ цела Северна Америка. Една студија минатата година предвиде дека само едно заразено лице, може да биде почеток за ширење на истиот низ целиот Њујорк, а азиските тигри комарци, веќе на големо се шират низ градот. CDC проценува дека околу 9.000.000 американски жители патуваат во Карибите секоја година. Со оглед на обемот на патници, Chikungunya може да предизвика ширење на истиот околу копното на САД.

Патниците кои го посетуваат Св. Мартин, треба да превземат дополнителна заштита од каснување на комарец, велат од CDC. Тие треба да носат долги ракави и панталони, и да користат посебна опрема за прозорците и вратите за да ги задржат комарците надвор. Патниците кои се враќаат од Карибите кои се соочуваат со треска и болки во зглобовите, како и главоболки, мускулни болки или осип, треба да побараат медицинска нега и да алармираат за можни други случаи“, велат од CDC. Најстрашно е што засега нема вакцина и нема специфичен третман за Chikungunya.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top