Меѓународна група научници идентификувала уште 23 верзии на гени поврзани со зголемување на ризикот на заболување од рак на простата.
Сега се познати вкупно околу сто релативно генетски варијанти поврзани со рак на простата, пишува списанието „Nature Genetics“.
Истражувачите очекуваат дека нивната работа ќе ја унапреди постапката на дијагноза и развој на нови терапии за рак на простата.
Според нив, комбинираниот ефект на некои од откриените верзии на гени може да резултира и шест пати поголем ризик од заболување.
Новите наоди се темелат на податоци собрани од над 87.000 мажи од целиот свет.