Home / Болести и лечење / Ноќно мокрење кај децата – причини и лекување

Ноќно мокрење кај децата – причини и лекување

Во детската возраст ноќното мокрење претставува многу чест проблем.

Енуреза е најчест облик на примарно ноќно мокрење кај здрави деца после 5 година. Според податоци од литературата на возраст од 5 години секое четврто дете има енуреза, а при тргнување во училиште секое десетто има ноќно мокрење.

enureza-nokno-mokrenje-deca-01Кај децата со енуреза функцијата на бешиката е нормална, празнењето на бешиката е комплетно и се случува без воља на детето во ноќните часови.

Во текот на денот детето е суво и нема уринарни инфекции.

Причини за ноќно мокрење:

Најзначајни причини се: генетски фактори, цврст сон, зголемено создавање мокраќа во тек на сонот или релативно мал капацитет на бешиката.

Доколку двајцата родители имале ноќно мокрење веројатноста нивните деца да го имаат истото е дури 75%.

Во последните десетина година се идентификувани неколку гени одговорни за ноќното мокрење.

Сонот кај тие деца е многу цврст, и веднаш по разговорот со родителите се добива податок за отежнато будење на детето.

Кај голем дел од децата има зголемено создавање на урина во тек на ноќните часови заради лачење на вазопресин кој се лачи на ниво на мозокот и кој делува на бубрегот и ја регулира количината и густината на мокраќата во сон.

Лекување:

Деца со енуреза треба да се лекуваат.

Енурезата не е последица на психолошки проблем на детето и затоа е потребно лекувањето да се започне на време за да не дојде до развој на емотивни и социјални пореметувања. Децата со енуреза се обидуваат да го скријат проблемот од околината, се повлекуваат во себе, чувствуваат несигурност, и избегнуваат контакт со другарчињата.

Енурезата е проблем на цела фамилија, затоа е потребно рано лекување за одржување на хармонијата во семејството.

Децата треба да се однесат на педијатар нефролог кој ќе направи одредени испитувања за да утврди за кој тип енуреза се работи и потоа ќе започне со лекување.

Оптимално време за почеток на терапијата е пред започнување на одење на детето во училиште (5-6 годишна возраст).

Изборот на терапија зависи од природата на основното пореметување кое довело до енуреза, а современата терапија е заснована на препораките на Светската здравствена организација.

Лекувањето се спроведува со редовни контроли кај педијатар.

Точка.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top