Free songs
Home / аларм / Никако „Јапонки“ летово – еве што им прават на нозете

Никако „Јапонки“ летово – еве што им прават на нозете

Популарните ,, јапoнки,, се поопасни и од високите потпетици – предупредуваат лекарите.

Можат да предизвикаат сериозни болки во стапалата, а и ризикот да бидете навистина повредени као некој ве нагази или се удрите во текот н одењето е многу поголем.

japanke-3-200x300Подлогата од сунѓер не нуди никаква потпора за стапалата

Јапонките можеби се меки и удобни, но вашите стопала порано или подоцна заршуваат премногу напнато во предниот дел, бидејќи не нудат никаква подлога на глуждот. Таквата позиција на стапалата со време почнува да им создава проблеми на петите, прстите и стапалата.

Ризиците од повреда се дупли со овие обувки. Имено тенкиот ѓон слабо ги апсорбира ударите. Обидете се само да одите по нерамен терен со овие обувки ќе видите веднаш на што се мисли. Секој камен ќе го чуствувате како да ве боде дирекно во ногата.

Мускулите и тетивите работат прекувремено

,,јапoнките,, се премногу лесни, не и даваат на ногата доволна поддршка бидејќи ногата се држи само на едно каивче. Затоа и ногата без да забележите е постојано напната.

Се обидува да се одржи на тоа едно врвче. Тоа дополнително ја оптеретува ногата и мускулите, но и грбот поради лошото држење додека одите на овие лесни обувки.

Рамната пета ја напрега ахиловата тетива

Експертите тврдат дека обувките со благо повишена пета е идеална за задравата ахилова тетива. Како што превисоките потпетици со текот на носењето стануваат штетни и оние кои целосно се рамни прават непотребно напрегање.

cro-zenske-japanke-1586472_1024x768-300x183Нема потпора за глуждот

Носењето јапонки е причина број еден поради што на лето се зголемува бројот на шинати зглобови.

Болка во колковите и долниот дел на грбот

Носењето јапонки во текот на подолг временски интервал, го менува начинот на кој одиме така што постепено ни се скратува чекорот, што може да биде пресудно за колковите и грбот.

Уште едн причина плус зошто се нездрави овие обувки за лекарите е и сонцето. Со овие обувки ногата е најизложена на сочевите зраци.

Исто така не се препорачува нити да возите со овие обувки. Лесно можат да испаднат, да се лизнат. Лекарите велат со сигурност погојазните лица треба да се држат настрана од овие обувки.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top