Home / Болести и лечење / Не ги игнорирајте: Овие симптоми укажуваат дека бубрезите не работат правилно

Не ги игнорирајте: Овие симптоми укажуваат дека бубрезите не работат правилно

Телото на човекот е одличен систем кој функционира само ако сите органи работат совршено. Ако некој орган од телото не функционира правилно, се јавуваат одредени здравствени проблеми. Дознајте кои симптоми и знаци укажуваат на оштетување на бубрезите.
Замор и отоци

kamen-vo-bubreg1385499481_thumb_medium490_0Ако чувствувате слабост и голем замор тоа може да е знак за намалено лачење на хормонот еритропоетин со чија помош се формираат црвени крвни зрнца кои носат кислород до клетките. Намалениот број на црвени крвни зрнца значи и намален пренос на кислород до клетките, а тоа предизвикува слабост и голем замор. Кога бубрезите не ја извршуваат правилно својата функција како филтри на крвта, вишокот вода наместо да се исфрла се насобира во телото предизвикувајќи отоци во рацете, стапалата, глуждовите или лицето.

Осип на кожата, чешање, гадење и повраќање

Оштетените бубрези не ја филтрираат крвта правилно, па штетните материи се насобираат во крвта и можат да предизвикаат чешање и осип на кожата како и гадење и повраќање.

Лош здив и метален вкус во устата – Како резултат на бубрежно заболување може да се зголеми нивото на уреа во крвта, а тоа вообичаено предизвикува лош здив и метален вкус во устата.

Болка во грбот или слабините

Одредени проблеми со бубрезите може да предизвикаат болка во грбот или слабините. Ваквата болка најчесто е поврзана со камен во бубрегот, но може да е знак и за полицистичната бубрежна болест која е наследна и предизвикува бубрежни цисти. Хроничното воспаление на бешиката предизвикува хронична болка и непријатност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top