Ново истражување покажува дека „баксузот“ има поголема улога од наследниот фактор и ризичното однесување при појавата на многу видови рак.
Во извештајот објавен денеска во списанието Сајенс(Наука), истражувачите велат дека случајните ДНК мутации кои се акумулираат при делбата на клетките се главни виновници за многу видови рак. Истражувањето утврдило дека две третини од испитуваните случаи на рак може да се објаснат со овие мутации, кои го поттикнуваат растот на туморите, додека една третина се поврзани со животната средина и наследните гени.
Авторот на студијата, Берт Вогелстеин, професор по онкологија на универзитетот Џонс Хопкинс во САД, вели дека „ризикот за добивање рак се зголемува со пушење или други фактори поврзани со лошиот начин на живот“, но оти „многу форми на рак во голема мера се должат на лоша среќа при мутацијата на гените што предизвикуваат рак, без оглед на начинот на живеење и наследните фактори“. Ракот на дојка и ракот на простата не биле опфатени со истражувањето.