Научниците кај лабораториските глувци во моментите пред смрт, предизвикана од недостаток на кислород, забележале дека мозокот испраќа сигнали кои предизвикуваат трајно и неповратно оштетување, кои се и причина за нивната смрт.
Во последните мигови пред смртта, клучна улога во шансите за преживување игра срцето. Ако тоа престане да чука, крвта ќе престане да тече, додека остатокот од телото ќе се изгаси. Сепак, ново истражување спроведено на медицинскиот факултет на Универзитетот во Мичиген, открило изненадувачки факт кој укажува на тоа дека е многу веројатно погрешно да мислиме.
Проучувајќи ја активноста на мозокот и срцето кај лабораториски глувци во моментите пред да умрат од недостаток на кислород, научниците откриле дека нивните мозоци испраќаат многу сигнали кон срцето кои предизвикале трајни и неповратни оштетувања на тој орган, што всушност ја предизвикало смртта кај животните.
Кога ги блокирале сигналите кои ги испраќал мозокот, срцето живеело подолго, што значи дека доколку сличен механизам би делувал кај луѓето, лекарите би можеле да им помогнат на луѓето да го преживеат застојот на срцето.
„Луѓето природно се фокусираат на срцето, мислејќи дека доколку тоа се спаси ќе го спасат и мозокот. Сепак, ако ги прекинете хемиските сигнали измеѓу срцето и мозокот, ќе го спасите срцето, што оди против речиси секоја позната медицинска пракса“, рекол неврологот Имо Борјиџин, чии тим во 2013 година открил дека сигналите кои ги испраќа мозокот најверојатно тоа го прави од очајнички обид да го спаси срцето.
Тој дури верува дека тој „рафал“ на сигнали од мозокот е одговорен за бројни ситуации каде што луѓето биле клинички мртви, односно во ситуации каде што нивното срце престанало да работи, а мозокот и понатаму испраќал сигнали.
Во истражувањето, чии резултати се објавени во магазинот “Proceedings of the National Academy of Science“, научниците предизвикале срцев удар кај глувците давајќи им смртоносни инекции и труејќи ги со јаглерод диоксид.
Потоа ја снимале мозочната активност со помош на електроцефалографија (EEG) и срцевата активност со помош на ехокардиографија (ECG). Тие ги мереле сигналните хемикалии присутни во мозоците и срцата на глувците.
Кога срцето и мозокот станувале синхронизирани, научниците забележувале поплава од многу невротрансмитери, како допамин кој предизвикува чувство на удобност, и норадрелин кој предизвикува чувство на будност. Ова би можело да објасни зошто луѓето кои имаат приказни „од другата страна“ често ги опишуваат тие искуства како пореални од реалноста.
Кај глувците, активноста на срцето и мозокот би останала синхронизирана се` додека срцето не би дошло во состојба на вентрикуларна фибрилација, во која срцевите комори се вртат наместо да пумпаат крв.
Кога научниците би го запреле протокот на хемикалии од мозокот до срцето, тоа би ја одложило вентрикуларната фибрилација, а животните би преживеале три пати подолго отколку глувците кај кои не ги блокирале сигналите.
Борјиџин сепак истакнува дека се` што е откриено важи за глувци, а допрва треба да се покаже дали е ова применливо и на луѓето.