Free songs
Home / Болести и лечење / Настинавте, ве фати вирус – еве како да не се чуствувате како да ве згазил воз

Настинавте, ве фати вирус – еве како да не се чуствувате како да ве згазил воз

Ако имате настинка, не значи дека треба да очекувате да бидете болни и нерасположени цела недела. Општо познато е дека нема лек за обичната настинка. Но што е со останатите продукти кои тврдат дека можат да ви помогнат да се чувствувате подобро?

Вода и други флуиди.

nastinka grip temperaturaНеможете да ја отстраните настинката така лесно од вашиот организам, но пињето многу вода може да помогне. Вода, сок од овошје и сок од лимон со мед ја спречуваат дехидратацијата. Избегнувајте алкохол, кафе и кофеинизирани продукти.

Солена вода. Проплакнете ја усната шуплина со една лажичка сол растворена во 2 дл вода. Тоа може моментално да го опушти вашето воспалено грло.

Капки за нос. Капките не водат кон влошување на симптомите и кога лекарствата се намалени. Повеќете се безбедни за употреба и неиритирачки, дури и за децата.

Пилешка супа. Генерации родители сосила им ставале на своите болни деца супа во устите. Научниците ја тестираа пилешката супа и открија дека наводно ја олеснува состојбата на болните со симптоми на настинка и грип.

Прекумерни лекарства.

Апчињата против болка и други релаксанти без рецепт нудат симптоми на опуштање и подобра моментална состојба, но тие нема да ја спречат настинката или да го скратат нејзиното траење. Повеќето имаат негативни ефекти.

Влажност.

Вирусите настојуваат да опстанат во суви околности, што е причина зошто настинките се почести во зима. Премногу влажниот воздух пак, може да создаде околина за габи и други бактерии. Менувајте ја водата во вештачкиот навлажнувач дневно и чистете го повремено.

Што не функционира

Антибиотици. Тие ги уништуваат бактериите, но не помагаат против вирусите на настинката. Избегнувајте да ги користите старите домашни залихи или да барате рецепт од вашиот матичен лекар.

Антихистамини. Антихистамините можат да ви помогнат со течењето на носот, влажните очи и кивањето што следи од алергиите, но имаат обратен ефект со симптомите на настинка, сушејќи ги носните мембрани, со што им дозволуваат на вирусите да продрат.

Прекумерно конзумирање на сирупи за кашлање. Во зима, сирупите за кашлање кои се продаваат во аптеките одат како алва. Американскиот медицински институт го обесхрабрува користењето на овие медикаменти бидејќи тие не се ефективни и иако можат да доведат до олеснето кашлање, количините кои се земаат се премали за да ви помогнат. Истотака тие можат да бидат штетни и за децата па затоа не се препорачуваат за болни помали од 14 год.

Што не би можело да наштети

Витамин Ц. Витамиот Ц наводно не ја спречува настинката кај повеќето луѓе, но земањето големи дози(до 3000мг) на почетокот на настинката всушност би можело да ги ублажи симптомите.

Цинк. Неговата репутација во борбата со настинките имаше свои падови и успеси. Земањето на цинк во исхраната ги намалува негативните ефекти, вклучувајќи ги лошиот вкус во устата и мачнините.
Како се појавува настинката и што можете да сторите во врска со неа

Повеќето настинки се предизвикани од риновируси кои се пренесуваат преку воздух кога некој инфициран ќе се искашла или ќе кивне. Можете да ги инхалирате вирусите, но најголемата можност е дека би се инфицирале при допир на вашите очи, нос или уста по допирот со контаминиран предмет.

Настинките се неминовни. Чистете ги рацете барем 15 секунди со обичен сапун и вода или користете алкохолизирани санитетски производи кои ги уништуваат повеќето вируси и не дозволуваат нивно појавување во следните 48 часа. Останува да се додаде дека одржувањето на хигиената на вашите раце е единствената одбрана против зарази, но сепак горенаведените препораки исто така можат да помогнат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top