Новото истражување спроведено на Универзитетот во Тексас открива дека древните кинески билни формули, кои се користат првенствено за болестите на срцето и крвните садови, можат да создаваат големи количини на азотен моноксид, кој ги проширува артериите.
Азотниот моноксид е клучен за крвните садови, бидејќи го сигнализира опуштањето на внатрешните sидови на крвните садови, а тоа го олеснува протокот на крвта низ срцето и крвните садови. Исто така, го намалува и крвниот притисок и појавата на крвни тромби.
Резултатите од ова истражување откриваат дека древните кинески билни формули покажуваат голема биолошка активност на азотниот моноксид, превенствено поради тоа што ја зголемуваат неговата концентрација во внатрешните sидови на крвните садови, но и поради способноста да ги претвараат нитритите и нитратите во азот моноксид“, изјавил Dr. Nathan S. Bryan, коавтор на студијата.
Билните формули се главни компоненти на традиционалната конеска медицина, која ги вклучува и акупунктурата и масажата. Оваа медицина може да овозможи развој на нови лекови против ракот, болестите на срцето и крвните садови и дијабетот“, изјавил Dr. Thomas Caskey од Институтот за молекуларна медицина во Хјустон. „Студијата на Dr. Bryan е многу важна, бидејќи болестите на срцето и крвните садови се на прво место по честота на јавување и прва причина за смрт во САД“, додал Dr. Caskey.
Истражувачите спровеле лабораториски тестирања на билките DanShen, GuaLou и на други производи купени во продавниците во Хјустон, за да ја испитааат нивната способност за произведување на азотен моноксид.
Древните кинески билни формули, кои првенствено се користат за болестите на срцето и крвните сдови, се состојат од 3 до 25 билки. Формулите се припремаат во форма на таблети, еликсири, чаеви и сапуни.
Иако во некој делови на Азија, древните кинески формули се целосно интегрирани во здравствениот систем, западните цивилизации често го сметаат за алтернативна медицина. Според зборовите на Dr. Bryan, причината за тоа е што, сè до неодамна, многу малку се знаело за тоа како кинеските формули делуваат.
СЗО е убедена дека вклучувањето на традиционалните лекови во современата медицинска нега би можело да ги охрабри научните истражувања и да контролира и обезбеди тие да се користат на правилен начин.
Ванг Куи, професор по традиционална кинеска медицина на универзитетот во Пекинг, смета дека најголемиот предизвик за промовирање на традиционалните кинески лекови во странство е научно докажување дека тие се ефикасни.
“Науката може постепено да го реши ова прашање. За нас, обичните луѓе, најважната работа е делотворноста. Се додека има ефект од тие лекови, тие се добри“ заклучува Куи.