Home / природен лек / Намалува болки, грчевите во бубрег – Лековитоста на пченкарната свила – стар „бабин“ лек

Намалува болки, грчевите во бубрег – Лековитоста на пченкарната свила – стар „бабин“ лек

Пченкарната свила многу долго се користи како природен лек, треба да се исече пред опрашувањето. Потоа се суши во сенка на умерена температура. Лековите е само онаа свила во време кога пченката е млада (млечна). Зрелата, сува и темна пченкара свила не содржи никакви лековити својства. Внимавајте да користите здрава пченка, бидејкји пченка која е прскана со многу хербициди и пестициди, не е здрава, бидејќи со неа во организмот ќе се внесе и одредена количина на штетни материи.

pcenicna-svila

Пченкарната свила во себе содржи етерично масло, смола, хлорофил, фосфорна киселина, манган и доста калиум и магнезиум.

Како делува пченкарната свила?

Чај од пченкарната свила , еден од нај јаките природни диуретици.  За 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената мокрача и тоа без штетни поседици, што е особено важно кај оние заболувања каде насобирањето на течностите е проблем.

Чајот од пченкарна свила ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење.Чајот од пченкарна свила ги намалува болките и грчевите во бубрегот, во голема мера ги намалува ревматските тегоби, гихт,  болки во зглобови. Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот –асцит и целодробната обвивка –плеврит).

Приготвување

  • една лажица добро исушена пченкарна свила (доколку е непотполно исушена се губи дејството) се прелива со шоља врела (но не превриена) вода, се остава неколку минути и се процедува.

Се зема по една супена лажица топол и незасладен чај на секои 2-3 часа.

Доколку имате изразени тегоби, чајот може да го пиете и во поголеми количини – потребни ви се 25 грама пченкарна свила и еден литар вода за припрема на чај, кој потоа може да го пиете кога ќе ожеднете, наместо вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top