Home / природен лек / Најмоќен приороден лек – Куркума

Најмоќен приороден лек – Куркума

Се смета за мошне лековита билка. Позната е како таква од пред 5.000 години. Содржи моќни антиоксиданси и поволно дејствува на организмот за заштита против низа болести, од рак до проблеми со варењето.

kurkumaКуркумата или позната уште како Турмерик, е еден од најмоќните природни лекови. Активната лековита состојка во куркумата се вика куркумин. Куркумата се користи во Индија веќе иладници години како зачин и природна боја. Куркумата им дава на јадењата убава жолта боја и пријатна арома, а освен тоа служи како природен антибиотик, превенција од рак, за чистење на црниот дроб и крвта, против артритис и реума, заздравување на рани и брзо обновување на повредената кожа.

Веќе одамна е познато дека куркумата има анти-воспалителни својства, а поновите најразлични истражувања покажуваат дека куркумата е вистинско чудо на природата. Потврдено е благотворното дејство на куркумата кај многу болести, од рак па до Алзхеимеровата болест.

Последните години куркумата го плени вниманието на научната заедница заради бројните лековити својства. Содржи цела низа витамини и минерали; пред се, содржи витамини Б6, Б3, фолна киселина па минерали калиум, железо и манган. Исто така, претставува добар извор на несварливи прехранбени влакна и што е особено интересно, содржи и есенцијални омега-3 масни киселини.

Апсолутно најголем адут на куркумата е куркуминот, растителен пигмент што е заслужен за нејзината специфична боја. Токму заради куркуминот листата од тераписки својства на куркумата е прилично долг. Имено, се покажало дека куркуминот поседува силни противвоспалителни и антиоксидативни својства. Исто така, погодна е и за дијабетичари затоа што има поволно влијание врз регулирањето на нивото на инсулин во крвта, а се покажало дека делува поволно и на кардиоваскуларниот систем намалувајќи го нивото на лошиот холестерол, истовремено зголемувајќи го нивото на добриот холестерол.

На куркумата и се припишува антивирусно, антибактериско, антимикотичко (спречува настанување на мов) и антиканцерогено делување. Исто така, откриено е дека куркумата е добра за црниот дроб бидејќи ја прочистува и ја зголемува нејзината способност за детоксикација.

 12 причини зошто е добро да се користи куркума:

    kurkuma– има антибактериски својства, корисна е за дезинфекција на рани и изгореници
–  превенција од повеќе типови рак
– го смалува ризикот од детска леукемија
–  го чисти црниот дроб на природен начин
– штити од Алцхеимеровата болест
–  природен лек е против болки
–   го регулира метаболизмот и помага при слабеење
–  има анти-воспалителни својства
– одамна се користи во Кина како лек против депресија
– заради своите анти-воспалителни својства, природен лек е за реума и артритис
– го забрзува зараснувањето на рани и брзо ја обновува повредената кожа
-помага во лечење на псоријаза и други воспалителни болести

главната состојка на Куркумата, куркумин, е основниот борец во лечење и превенција на карцином. Најдобро дејство има на рак на дебелото црево, тенко црево, желудник, црн дроб, простата, дојки и јајници.

  1. Додадете малку куркума во Вашиот дресинг за салата.
  2. Следниот пат кога ќе подготвувате пржен карфиол, додадете малку куркума за да ги споите овие две супер храни.
  3. Маринирајте пилешки гради со куркума и лимонов сок.
  4. Додадете кукрума во следната порција ориз, за нов поинаков вкус на оризот.
  5. Посипете малку куркума врз Вашите печени компири.
  6. За нов вкус додадете во порцијата леќа.
  7. Попрскајте куркума во Вашите пржени јајца.
  8. Додадете за вкус кога пржите кромид

ЛЕК ЗА ГРИП

kurkuma (2)4 чешниња лук
-2 лажици мед
-½ лажичка куркума
-2 лажици рендан ѓумбир
-½ лажичка бибер
-3 чаши сок од портокал

Подготовка:
Состојкитесе мешаат и се миксираат во блендер. Ставете ги во стаклено шише и зимајте по една чаша дневно, три до четири дена по ред и ке бидете како нови. Сокот чувајте го во фрижидер.

Пастата од куркумата

чаробен напиток помага во продолжување на младоста, го нормализира пробавниот систем, има благотворно дејство на црниот дроб, ги отклонува токсините од организмот, го подоброва тенот. Пастата од куркумата се спрема на следниот начин:

pasta kurkuma40 гр куркума во прав

100 – 150 мл вода

Ставете ја куркумата во вода, измијте ја и таа смеса нека почне да врие. Откако ќе зоврие треба да се прави 8 минути, додека содржината не се згусти. Таа треба да личи на густ јогурт. За тоа време припремете го и млекото.

250 мл млеко

2 лажици сирово нерафинирано бадемово масло

мед по вкус

Млекото да зоврие и додајте го во него бадемовота масло. Тргнете го од шпоретот и ставете го во шолја. Додајте една лажица од припремената паста од куркума и засладете со мед. Пастата од куркума можете да ја припремите за подолго време и да ја чувате во замрзната состојба, односно во фрижидер 40 дена. Готовата паста додајте ја во врело млеко по 1 лажица заедно со медот и билно улје по желба. Се препорачува на гладен стомак наутро и пред спиење. Оваа смеса се пие 40 дена. Курс на лекување – двапати годишно, по 40 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top