Free songs
Home / Болести и лечење / Нагон за слатко или чипс, луто – Што ви се јаде – може да е показател за некоја болест

Нагон за слатко или чипс, луто – Што ви се јаде – може да е показател за некоја болест

Дали имате преголема желба за чоколада, сочна шницла или, можеби, за лута пиперка? Силната потреба за одредени производи може да биде сигнал со кој телото ви испраќа важна порака во врска со здравјето

cips-1Чипс

Потребата за солени грицкалки е показател за исцрпеност, посебно ако човекот има многу обврски и постојано е под стрес. На телото тогаш му се потребни дополнителни минерали кои се наоѓаат во природната сол, но не и во преработената. За да се задоволи желбата, треба да се јадат пуканки (без сол и путер).

Што да се преземе: силната потреба за внесување сол се поврзува се сериозни здравствени проблеми, како што се дијабетис и висок крвен притисок. Затоа, ако одеднаш ве фати напад за соленки, посетите го својот лекар и направете контролен преглед.

cokoladoЧоколада

Научници веруваат дека алкалоидите кои се наоѓаат во чоколадата го подигнуваат нивото на серотонин во мозокот и така ни се подобрува расположението. Исто така, чоколадата содржи витамин Б и магнезиум, кои го контролираат создавањето енергија во организмот.

Што да се преземе: јадете црна чоколада наместо млечна или бела. Најдобро е чоколада со најмалку 70 отсто какао, кој е богат антиоксиданс. На тој начин грицкањето чоколада е корисно за вашето здравје. Но, сепак, бидете умерени. Ако претерате со чоколада, ќе добиете вишок килограми и така ќе се поништи целата негова корист за здравје.

Тестенини

Ако имате потреба за јаглехидрати, тоа значи дека ви е паднато нивото на шеќер во крвта (хипогликемија). Кога нивото на гликоза во крвта е премногу ниско (се јавува кога има голема временска разлика меѓу два оброка) телото има потреба за јаглехидрати, па на човекот му се јаде компир, леб и тестенина.

Што да се преземе: за да се покачи нивото на шеќер, треба да се јадат добри јаглехидрати, а не оние преработените кои само ќе ја влошат состојбата. Овес, овошје, интегрална тестенина и кафеав ориз се најдобар избор.

rostilj-mesano-meso02

Шницла

Желбата за црвено месо може да укажува дека телото има потреба од протеини, кои претставуваат една од трите најважни хранливи состојки неопходни за организмот да биде здрав. Останатите две се јаглехидратите и мастите. Поради тоа, околу 15 отсто од вкупниот број на внесени калории треба да бидат протеини.

Што да се преземе: јадете протеини два пати дневно (пилешко, риба, јајца), а црвено месо во минимални количини, бидејќи големите количини се поврзуваат со рак на дебело црево. Ако не јадете месо, најдобра замена е сојата, која ги обезбедува неопходните протеини.

pijte vodaВода

Ако одеднаш ви се случи да не може да ја згаснете жедта, колку и да пиете вода, или пиете вода многу повеќе од обично, може да се работи за симптоми на дијабетес, посебно ако во исто време почнете многу често да одите во тоалет за мокрење.

Што да се преземе: симптомот на дијабетес тип 1, како што е незгасната жед, обично брзо се развива, во период од неколку недели (останатите симптоми се замор и губење на тежина). Ако се случи тоа, задолжително треба да се посети лекар за да се провери здравствената состојба.

banana kolac4iКекс и колачи

Желбата за слатки е последица на намалено ниво на серотонин. Слатките влијаат на зголемено производство на серотонин со што се поправа расположението, но подобро расположение исто така може да поттикнат мисиркино и пилешко месо.

Што да се преземе: потребата на организмот за шеќер е поврзана и со ниското ниво на минералот хром, кој му е потребен на телото за зголемување на енергијата. Исхраната богата со производи од цели жита, грав и месо, помага да се подигне нивото на хром во организмот.

white-breadЛеб

Ако едвај чекате да гризнете крцкава кора леб или кифла, може во организмот да недостига минералот селен, кој е важен за имунитетот, тироидната жлезда и репродукцијата. Тој како антиоксиданс го спречува оштетувањето на клетките и ткивата.

Што да се преземе: иако исхрана богата со многу леб не се препорачува, ако за појадок или ручек се јаде интегрален леб, ќе се внесе доволно селен во организмот. Кога сакате да го избегнете лебот, изедете шака бразилски орев. Така ќе се обезбедат неопходните минерали и ќе се задоволи гладта.

ciliЛута храна

Истражувачите од Велика Британија покажале дека кај луѓето кои јадат лута храна се зголемува крвниот притисок и отчукувањето на срцето. Лутата пиперка и зачините ја забрзуваат циркулацијата и ја подигнуваат температурата на телото. Кога ви се јаде луто, телото се обидува да се разлади, така што се поти.

Што да се преземе: ако имате зголемена желба за лута храна, тоа може да биде знак за грип или настинка. Лутата пиперка е богата со витамин Ц (содржи седум пати повеќе од портокалот) и ги олеснува симптомите на кивавица и кашлање.

Утрински

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top