Home / аларм / Мувлата дома е голем ризик за здравјето – еве како да се отарасите од неа

Мувлата дома е голем ризик за здравјето – еве како да се отарасите од неа

Eдна од највидливите последици на кондензацијата на водената пареа, како и нејзините негативни последици е мувла на ѕидовите, како и зголемена влажноста во самите ѕидови, која што може да донесе до трајни оштетувања на ѕидот. Но ова се само последици, поточно недостаток на (или пак неквалитетно направена) топлинска изолација.

vlaga

Доколку имате индивидуален станбен објект и имате доволно финансиски средства, лесно можете да ангажирате компанија кој што може стручно да постави квалитетна изолација и на таков начин да ги решите проблемите – намалени топлински загуби и кондензацијата на водената пареа.

Но што доколку живеете во станбена зграда? За да поставите топлинска изолација на зградата потребна е согласност на сите станари, а како што обично бива таа согласност тешко се постигнува. Па што тогаш ни останува да направиме?

thermal-bridge-mould-formationПрв0 треба да видиме што е тоа што ја зголемува влажноста во просторијата. Собните билки, туширање, капење, готвење, перење и сушење на алишта, ја зголемуваат влажноста. Дополнителна влага ја создаваме ние самите – дишење и зноење. Просечна четворочлена фамилија во текот на еден ден може да „произведе“ околу 10 литри вода!

Еве неколку начини како да ја намалите влажноста во објектот:

Не ги сушите алиштата во рамките на вашиот дом

Затворајте ги вратите од кујната и тоалетот

Намалете го количеството на собните билки

Редовно проветрување

Температурата во сите простории треба да се движи околу 20 степени Целзиусови

Влажноста во воздухот треба да се движи околу 45%

Како да проветруваме?

Кондензацијата на прозорците е знак дека требате почесто да проветрувате. Оптималното проветрување, го правиме така што ги отвораме прозорците на 5 минути и тоа го правиме 3-4 пати дневно. Овој краток период е сосема доволен за промена на воздухот а нема да ја разлади просторијата.

muvla zidНо доколку и покрај сето, ова на ѕидовите со појави мувла еве неколку совети кој што ги најдов на различни интернет форуми, поточно кој хемикалии се искористени за да се елиминира мувлата.

Еден од најчестите препораки кој што ги најдов е „Варикина“. Сите домаќински знаат за оваа хемикалија која што се користи за избелување на алиштата. Оваа хемикалија се нанесува на оние места на кој што се наоѓа мувлата и по 30 минути истата се повлекува.

Друга хемикалија која што се препорачува е „Bref Disinfects“. Овој препарат е познат и се користи за елиминирање на мувлата кој што се наоѓа во купатилата, но може да се искористи и за елиминирање на мувлата кој што се наоѓа на ѕидовите.

Покрај овие хемикалии, трета хемикалија која што се препорачува е „Mufa Killer“. Италијански препарат на база на хлор, може да се најде во посебни пакувања од 0,5 литри. Овој препарат се нанесува на оние места на кој што се појави мувлата и се остава да стои околу 30 минути.

Уште една добро позната хемикалија е исто така ефикасна во елиминацијата на мувлата – „Domestos“. Како и горе спомнати хемикалии и оваа се нанесува на оние места на кој што се појави мувлата.

Она што поголем број на оние кој што го имаа проблем со мувлата го направија е следното:

Мувлата се прска со горе спомнатите хемикалии.

Местото кое што ќе се попрска со хемикалиите се исчисти

По одреден временски период, кога испрсканото место ќе се исуши, се премачкува со „Jupol citro“ боја кој што во себе содржи фунгицид

Но ова се сè привремени мерки, по одреден временски период, мувлата пак ќе се појави. Како што веќе рековме најдоброто решение е топлотна изолација, направена од страна на компанија која што има големо искуство. Втора работа е вентилација на просториите. Проветрувајте ги просториите 3-4 пати во денот по 5 минути.

energetskaefikasnost.info

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top