Home / сведоштва / Моштите на Пантелејмон до ден-денес лекуваат разни болести

Моштите на Пантелејмон до ден-денес лекуваат разни болести

Во сабота во манастирската црква “Св. Пантелејмон” во Горно Нерези ќе бидат прославени јубилејни 850 години од постоењето на овој христијански храм. За ВЕЧЕР кустосот на црквата раскажува за животот на светецот, за црквата, најпознатата фреска и честите посетители

pantelemonНа падините на Водно во Горно Нерези се наоѓа манастирската црква “Св. Великомаченик Пантелејмон”. Овој христијански храм стотици верници го посетуваат месечно. Она што туристите најмногу сакаат да го видат во овој храм е познатата фреска којашто датира од 1164 година, а тоа е фреската на оплакувањето Христово, коешто се смета за предвесник на Ренесансата

Најпозната фреска е оплакувањето Христово од 12-тиот век

Најпознатата фреска којашто е во манастирот датира од 1164 година, а тоа е фреската на оплакувањето Христово. Фреската за прв пат се открива во 12-тиот век, а на неа се прикажани длабоки емоции. Имено, ликот на пресвета Богородица и на другите се во плач и голема тага.  Исто така, меѓу фреските од 12-тиот е и фреската на свети Пантелејмон.

pantelemon1Прогонството на Пантелејмон

За време на владеењето на царот Максимилијан Први, Пантелејмон имал страшни маки, прогонства од негова страна, бидејќи тој секогаш им помагал на христијаните коишто се затворани во затворите и се болни. Тој доаѓал за да ги излекува и да им помогне. По тоа што го слушнал Максимилијан Први тој наредува Пантелејмон да биде фатен и да биде погубен. Во 306 година тој маченички пострадува со тоа што неколку пати неговото тело било фрлено во огнена печка, но со божја помош бил спасуван, па потоа бил фатен од страна на војниците и неговата глава била отсечена. Не се знае каде е погребано неговото тело, но до ден-денес има многубројни мошти од неговото тело кои прават чуда и лекуваат разни болести на голем број луѓе кои доаѓаат за да бараат помош од свети Пантелејмон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top