1 кг мед
Младите ореви добро да се измијат, да се исушат, да се исечат на четвртини и да се стават во тегла и потоа се преливаат со мед. Теглата добро се затвора и се остава да стои еден месец.
За тоа време оревите потемнуваат.
И да напоменеме дека при сецкањето најдоро е да носите ракавици бидејќи испушта црна боја и потоа тешко се мијат рацете.
На сликата се штотуки ставени во тегла, кога ќе одстојат стануваат потемни и медот исто така, а на крајот се добива темен сируп. Се зема една лажица дневно.
Младите плодови на оревот потопени во медот испуштаат состојки кои се наоѓаат во нив. Содржат голема количина на јод кој лесно се внесува во организмот.
Младите зелени ореви, (Juglandis immaturi fructus) имаат многу витамин Ц и цело богатство на витамини и се дава на болните, на слабушни и болежливи деца и слабокрвни личности. Младите зелени ореви помешани со медот благотворно делуваат во случај на слабоктвност,и многу помага во прочистување на јетрата, желудникот и крвта.
Добри се и кај проблемите во работата на штитната жлезда, за болести на грлото и респираторниот тракт посебно кај бронхитот, за зголемување на имунитетот,погоден е за климактерични тегоби, дебелина и хронично заболување на дишните патишта,воспоставува физичка, психичка и енергетска рамнотежа, ја зголемува хормонската активност, помага при обновување на ќелиите,го неутрализира делувањето на токсините.
Izvor – lifeconnect.info
dalitreba da se procedi sirupot?
blagodaram