Home / аларм / Мислите дека вегетаријанците се многу здрави? Ова истражување покажува нешто друго

Мислите дека вегетаријанците се многу здрави? Ова истражување покажува нешто друго

Вегетаријанскиот начин на исхрана на долги патеки може да предизвика генетски мутации кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања или канцер, тврдат научници од Универзитетот Корнел во САД.

Научниците откриле дека популациите во кои со генерации биле застапени вегетаријански диети, имаат поголеми шанси да пренесат ДНК која ги прави подложни на воспаленија, пишува британски „Telegraph”.

hrana-ovosje-zelencuk-300x200Научниците од САД веруваат дека мутациите се појавиле за да им ја олеснат на вегетаријанците апсорбцијата на есенцијалните масни киселини од растенијата.

Меѓутоа, тоа предизвикало домино ефект и го зголемило производството на арахидонска киселина (омега-6 масна киселина), која е позната како предизвикувач на воспалителни болести и рак. Во комбинација со диета богата со растителни масла, како што е сончогледово масло, мутираниот ген за брзо време ги претвора масните киселини во опасната арахидонска киселина.
Ова откритие може да помогне во разрешувањето на претходното истражување кое открило дека вегетаријанските популации имаат 40% поголеми шанси за заболување од рак на дебелото црево, од луѓето кои јадат месо. Ова ги зачудило докторите, бидејќи е познато дека црвеното месо го зголемува ризикот од добивање на рак.

Истражувачите од Универзитетот Корнел во САД споредувале стотици геноми од примарно вегетаријанско ориентирани популации кои живеат во Индија, до популации кои традиционално се ориентирани кон месо како што е околината на Канзас и откриле дека постојат разлики во гените.

„Оние чии предци биле вегетаријанци, претежно имаат гени кои брзо ги метаболизираат масните киселини од растенијата“, вели Том Брена, професор за човечката исхрана на Корнел.

Кај таквите луѓе, растителните масла се претвораат во арахидонска киселина која го зголемува ризикот од хронични воспаленија кои се појавуваат во текот на развојот на срцеви заболувања и влошување на ракот.
Таа мутација се појавила во човечкиот геном многу одамна и така се пренесува во следните генерации.

За проблемот да биде уште поголем, мутацијата исто така пречи во производството на корисните омега-3 масни киселини кои го штитат срцето од заболувања. Тоа немало многу врска кога мутацијата почнала да се развива, но сега ситуацијата се променила бидејќи за време на индустриската револуција дошло до промени во диетите од здрави омега-3 киселини, кои ги има во оревите и рибата, до омега-6 киселините кои се наоѓаат во растителните масла.

„Диететските промени на рамнотежата на омега-6 и омега-3 можат да допринесат за зголемување на хроничните болести во некои земји во развој“, вели доктор Брена. Тој додава и дека пораката за вегетаријанците е јасна: „Користете растителни масла кои не се богати со омега-6 линолови киселини, како што е маслиновото масло.“

Мутацијата е наречена rs66698963 и е откриена во генот FADS2 кој го контролира производството на масни киселини во телото.

Претходни студии покажале дека вегетаријанството и веганството можат да предизвикаат проблеми со плодноста и со намалување на бројот на сперматозоиди.

Исто така, многу вегетаријанци се борат да внесат доволно протеини, железо, витамин Д, витамин Б12 и калциум во организмот кои се многу важни за здравјето.
Од друга страна, некои студии тврдат дека вегетаријанството го намалува ризикот од дијабетес, мозочен удар и прекумерна телесна тежина.

Оваа студија е објавена во дневникот на Молекуларна биологија и еволуција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top